
JASMIN BEACH HOTEL
Локација
Хотелот се наоѓа на 20 м од плажа во заливот Ѓумбет, на околу 3 км од градот Бодрум и 35 км од аеродромот. Хотелот е отворен во 1995 год., целосно е реновиран во 2014 год.
Сместување
Хотелот располага со 269 соби распоредени во 27 двоспратни и троспратни блокови.
Сите соби имаат клима, телефон, мини бар (празен), сеф, сателитска ТВ, плочки на подот, балкон или тераса.
Хотелски стандардни соби 26 м², една спална со француски кревет или два единечни кревети и кревет на расклопување,
макс. 2 + 1.
Клуб стандард соба 25 м², една спална со француски кревет или два единечни кревети и дополнителен кревет, макс. 2+1.
Клуб фамилијарна соба 45 м², спална соба со француски кревет и одвоена просторија со два дополнителни кревета, макс. 2+2 или 3+1 лица.
Хотелска фамилијарна соба 45 м², спална соба со француски кревет и одвоена просторија со два дополнителни кревета, макс. 2+2 или 3+1 лица.
Содржини
Хотелот има бар на плажа, слаткарница, бар на базен, снек и гастро паб, продавница за турски пецива.
Спорт и забава
Хотелот има 4 отворени базени, затворен базен и 4 детски базени, игралиште за деца. Бесплатно, пинг понг, фитнес центар, пикадо, организирани забави покрај базенот, турска вечер и вечерни анимации и програми, турска бања, сауна, парна бања. WI-Fi е достапен во лоби за гостите на хотелот.
Со доплата сите спортови на вода, масажи и третмани во СПА центарот.
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера во главен ресторан, попладневна ужина, À La Carte ресторан (интернационален, еднаш за време на престојот во траење од 7 ноќевања со предходна резервација), попладне кафе и чај, 4 барови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Со доплата: увозни и премиум пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, храна и пијалоци на плажа со доплата. All inclusive концептот на хотелот е до 23.00 часот.
Плажа
Хотелот има свој дел од јавна плажа на 20 м од хотелот. Плажата е со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Gümbet, Dayılar Sk., 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps