
HAPIMAG RESORT SEA GARDEN
Положба
Хотелот се во областа Јаличифтлик, на 17 км од центарот на Бодрум и на 45 км од аеродромот во Бодрум.
Сместување
Хотелот располага со 285 соби. Сите соби имаат бања со када или туш кабина, огледало за шминкање, фен, клима, LCD / сателитска TV, мини бар (пиво, вода и сокови), сеф, сет за чај и кафе, балкон.
Garden or Sea view rooms 31 m², една спална, едно купатило, балкон, макс. 2+1 дете.
Family rooms with Garden or Sea View 62 m², две поврзани соби – во едната има дупли кревет, а во другата два единечни кревета, две купатила, два балкона, макс. 4 лица.
Suites with Sea View 62 m², една спална соба, една дневна соба, едно купатило, џакузи, балкон, макс. 2 возрасни + дете или 3 лица.
Хотелот има соби за лица со попреченост.
Хотелот е реновиран во 2022 година.
Содржини
Главен ресторан, барови низ хотелскиот комплекс, A La Carte ресторани. Wi-Fi интернет е бесплатен низ хотелот.
Со доплата: доктор на барање, телефон, факс, услуга во соба, перење и хемиско чистење алишта, и сѐ останато што не е наведено во концептот. Забавни анимации во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 4-7 години, Макси клуб од 8-11 год и клуб за тинејџери од 12-16 год со разновидни активности и забави инспирирани од природата, претстави, олимписки игри, игри како што се барање на закопно богатство, гусарски денови, излет во село, мини диско.
Спорт и забава
Два базена за возрасни, еден затворен базен и базен за деца со тобоган, турска бања, фитнес центар, Мини Бодрум во рамките на комплекост, пинг понг.
Со доплата: масажи и третмани на лице и тело во СПА центарот, спортови на вода, школа за нуркање, изнајмување велосипед, тениски терен, сквош.
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски, А La Carte ресторни (рибен ресторан, турска, медитеранска кујна), локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 00:00 часот, бар на плажа, лоби бар.
Со доплата: премиум пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, А La Carte ресторни (за гости со помалку од 7 ноќевања во хотелот), Laguna Bar, пијалаци и храна после 00:00 часот, услуга во соба и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Плажа
Хотелот има вкупно 3 плажи. Хотелска плажа, ,,holiday village” плажа и ,,тивка плажа”. Ultra all концептот важи само за хотелската плажа. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа се бесплатни.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Çiftlik, Yalıdağ Cd No 40, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps