
GOLDEN AGE HOTEL
Положба
Хотелот се наоѓа во Јаликавак покрај плажа и на само 5 минути со кола до центарот и марината, 20 км од Бодрум и 40 км од аеродромот во Бодрум.
Сместување
Хотелот располага со 341 соба во главна, анех и клуб зграда која се наоѓа во градината.
Стандардните соби се наоѓаат во главната зграда – 33 м², со поглед на море или градина, макс. 2-3 лица (може да се стави дополнителен кревет во соба).
Апартмани (2+2), во главната зграда, со две спални соби – во едната дупли кревет, а во другата два единечни кревета, дневна соба.
Јуниор апартмани (2+2), со поглед на море, во главна зграда, една спална соба, една дневна соба.
Анекс собите се наоѓаат во новата (анекс) зграда – 22 м², со поглед на море или градина, една сплана, едно купатило, макс. 2 лица.
Клуб соби 24 м² (2-3 лица), сите соби имаат поглед на градина, една сплана со дупли или два единечни кревета, едно купатило.
Фамилијарни соби 40 м², две спални соби – едната со дупли кревет, а другата со два единечни кревета ,едно купатило (3 возрасни или 2 + 2 деца).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, сплит клима, телефон, мини бар (со доплата), LCD TV, француска тераса или балкон. Хотелот е реновиран во 2019 година.
Услуга
All Inclusive шведска маса за појадок, ручек, вечера. Во концептот на хотелот се вклучени и попладневни колачи и торти (16.00-17.00), ужина кај базенот (12.00-17.00), сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Покрај главниот ресторан, има и 2 À La Carte ресторани (турски и рибен) – еднаш бесплатни за време на престој од 5 ноќевања со претходна резервација. Покрај ресторанот, гостите може да ги користат услугите на 4 бара (лоби бар, бар на базаен, снек бар и Бандана бар). Со доплата се увозни и премиум пијалоци и сѐ она што не е вклучено во хотелскиот концепт.
Плажа
Хотелот има своја песочна плажа и платформа, долга 150м со сино знаменце. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. На плажата има туш, гардеробер, тоалет.
Спорт и забава
Хотелот има два отворени базени за возрасни, затворен базен, 2 базена за деца, аква парк (за возрасни 5 различни лизгалки, а за децата посебен базен со различни форми на лизгалки), фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг, билијард, дневни и вечерни забавни програми. WI-FI интернет е достапен во хотелскиот комплекс. Со доплата се часови за нуркање, спортови на вода, сервис за перење и пеглање алишта, услуга за чување деца. Турска бања и сауна се користат бесплатно, а се доплаќа за масажа и останати третмани. Со доплата е и доктор, фризер, продавници. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште, активности за деца.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Dirmil, Tilkicik Cd. No:85, 48990 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps