Прескокни кон содржината
DUJA BODRUM
Повлечи за повеќе слики

DUJA BODRUM

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во областа Торба, на 23 км од аеродромот и на 10 км од центарот на Бодрум.

Сместување

Хотелот располага со 420 соби, распоредени во главната зграда, village и клуб дел.
Сите соби имаат бања со туш, фен, тепих (во собите во главната зграда), мермер (во Village собите) или плочки (во клуб собите), ЛЦД ТВ со сателитски програми и музички канали, телефон, сеф, мини бар (секојдневно се дополнува), клима, влечки, електричен бокал, сет за кафе и чај, балкон.
Клуб соби 24 m², макс.2+1 лице.
Village соби 23-35 m², макс. 3+1 лице.
Делукс стандардни соби 23-27 m², во главната зграда, поглед на море, макс.2+1 лице.
Делукс фамилијарни соби 65 m², две соби, макс.3+1 лице.
Делукс апартман со поглед на море 85 m², макс. 4+2 лица.
Делукс апартман со поглед на копно 95 m², макс. 4+2 лица.
Гранд апартман 110 m², макс. 6 лица, два балкона, 1 тераса, приватен базен, ламинат на подот, две бањи, клуб кола, бесплатно користење на À la carte ресторанот, бесплатен павилјон на плажа, трансфер од аеродром до хотел, специјална услуга, поглед на море.
Хотелот има и соби за лица со попреченост (во главната зграда).

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (италијанска, турска, морска, азиска кујна, скара), барови низ хотелскиот комплекс и на плажа, слаткарница.
Wi-Fi интернет е бесплатен во заедничките делови од хотелот и собите
Со доплата: доктор, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, фотокопир, организација на приватни прослави (годишнина, свадба, роденден), изнајмување кола.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, тобогани, турска бања, сауна, фитнес, пинг понг, тениски терен, мини фудбал, јога, пилатес, водна гимнастика, одбојка на плажа, пикадо, ватерполо. Забавни програми во текот на денот, натпревари, шоу програми навечер, тематски вечери, музика во живо неколку пати неделно. Мини клуб за деца со спортски активности, игри во базен, креативни активности.
Со доплата: третмани во СПА центарот, масажи, осветлување за тениските терени, спортови на вода, детска количка (за деца 1-4 год).

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено  шведска маса за појадок, ручек, вечера, полноќна супа, закуски во текот на денот, слаткарница со солени и благи колачи, гозлеме, детско, диететско и вегетаријанско бифе во главниот ресторан за време на ручек и вечера, À la carte ресторани се бесплатни за престој од мин. 5 ноќевања (освен Nepenthes À la carte ресторан), некои увозни и локални алкоолни и безалкохолни пијалаци, турско кафе, сладолед во одредено време од денот.
Со доплата: некои увозни и премиум пијалаци, пијалаци во шише и лименка, енергетски пијалаци, услуга во соба, Nepenthes À la carte ресторан.

Плажа

Хотелот има  приватна плажа со песок и камчиња, долга 370 м, има и платформа.
Лежалки, чадори за сонце и пешкири се бесплатни.
Павилјоните на плажа се со претходна резервација и доплата.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Torba, Kaynar Mevkii No:21, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps