Прескокни кон содржината
DELTA HOTEL BY MARRIOTT BODRUM
Повлечи за повеќе слики

DELTA HOTEL BY MARRIOTT BODRUM

БодрумAll Inclusive plus

Локација

Хотелот се наоѓа на 2 км од местото Јаликавак, на 20 км од центарот на Бодрум и 58 км од аеродромот.
Хотелот е отворен во 2000 година, а реновиран во 2018 година.

Сместување

Вкупно 283 соби.
Стандардни соби (18 m², една спална, едно купатило, без балкон, макс. 2 лица)
Супериор соба со поглед на море (24 – 28 m², макс. 3 лица, една спална едно купатило, балкон)
Премиум соби со поглед на море (30 -32 m², една спална, едно купатило, балкон, макс. 3 лица)
Фамилијарни соби (40 m², поглед на копно или море, со две спални соби - едната со француски кревет, а другата со два единечни кревети, едно купатило, балкон или тераса, макс. 4 лица)
Сите соби имаат LCD TV, WI-FI интернет, телефон, мини бар (безалкохолни пијалаци и вода при пристигнување, со вода се дополнува секој ден), сеф, клима, фен, купатило со туш кабина, балкон (економските соби се без балкон).
Две економски соби за лица со попреченост.

Услуга

Сѐ Вклучено Плус - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќна супа, закуски во текот на денот, лоби бар, бар покрај базен, кафе пауза, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци помеѓу 10:00-24:00 часот, À la carte ресторани се бесплатни за мин. престој од 6 дена, бар со закуски на плажа каде се служат и сокови, пиво и вино.
Со доплата се: храна и пијалаци после полноќ, услуга во соба, пијалаци кои не се на листата од концептот, пијалаци во шише и лименка, енергетски пијалаци.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (италијанска кујна, морска храна), барови низ хотелот, бар со закуски.
Со доплата се: доктор на повик, перење алишта и хемиско чистење, лување деца, телефон, факс, изнајмување кола, продавници, фризер.
Wi-Fi интернет е бесплатен во хотелот.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа, долга 200 метри, има платформа на плажата.
Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.
Павилјоните на плажа се со доплата и резервација.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба.
Со доплата се: спортови на вода, изнајмување велосипед, третмани и масажи во СПА центарот
Забавни програми во текот на денот, забави покрај базен, музика во живо на отворено. Мини клуб за деца, детско игралиште.

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Merkez, Sanatçı Evleri Cd. No:29, 48990 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps