
CLUB MARMA HOTEL
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Акијалар, на 20 km од Бодрум и на 58 km од аеродромот.
Сместување
Хотелот располага со 123 соби во главна и во анекс зграда. Сите соби имаат бања со туш или када, балкон, сеф, мини бар (се дополнува само со обична и минерална вода секојдневно), клима, телефон, фен, ТВ со сателитски канали, тепих на подот, секојдневно чистење на собите.
Standard rooms 25 m², во главна зграда, една спална соба со брачен кревет или два единечни кревети, макс.2+1 дете.
Junior suite 50 m², во главна зграда, една спална соба, една дневна соба со софа, макс.3.
Corner suite 65 m², две спални соби, една дневна соба, макс.4+1 лице.
Club deluxe room 30 m², во анекс зграда, една спална соба со брачен кревет или два единечни кревети, макс.3 лица.
Club junior suite 55 m², во анекс зграда, една спална соба, една дневна соба, макс. 4+1.
Club duplex suite 50 m², во анекс зграда, на 2 ката, една спална соба, една дневна соба, макс. 3+1 лице.
Содржини
Хотелот има главен ресторан, барови низ хотелскиот комплекс. Wi-Fi интернет е бесплатен во хотелот.
Со доплата: чување деца, изнајмување кола, приватен трансфер, доктор, фризер, факс, салон за убавина.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, сауна, турска бања, фитнес центар, мини фудбал, кошарка, тенис, одбојка на плажа. Забавни програми во текот на денот, кино на отворено, музика во живо, забава на плажа, латино забави и сл.
Со доплата: спортови на вода, осветлување и опрема за тенис, кошарка и одбојка на плажа, третмани во СПА центарот, и сите други работи што не се наведени во концептот.
Услуга
Полн пансион плус – појадок, доцен појадок, ручек, вечера на шведска маса, безалкохолни пијалаци, локално вино и пиво се бесплатни за време на оброците, чај и колачи во одредено време од денот, вода.
Со доплата: бар со закуски и пијалоци, слаткарница, услуга во соба, и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Плажа
Хотелот има приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце се бесплатни. Павилјоните се со претходна резервација и доплата.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Akyarlar, 4275 Sok, 48960 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps