
BODRUM PARK RESORT
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Јаличифтлик, на 40 km од аеродромот Милас и на 16 km од центарот на Бодрум.
Сместување
Вкупно 288 соби.
Club standard (балкон или тераса, со поглед на копно, еден дупли кревет или два единечни кревети, и кревет на расклопување - на барање, макс. 2+1 дете).
Main building standard (дупли кревет или два единечни кревети, макс. 2 лица).
Club Large (со поглед на копно, дупли кревет и кревети на спрат, балкон или тераса, макс. 2+2).
Club family (40 m², две посебни спални соби одвоени со врата, во едната има дупли кревет, а во другата два единечни кревети, балкон или тераса, макс. 4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, керамички под, фен, телефон, мини бар (полн е при доаѓање), сеф (со доплата), ЛЦД ТВ со сателитски канали, клима, француски балкон (за клуб стандард собите) или тераса.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќна супа, турски À la carte ресторан (со претходна резервација и еднаш за време на престој), слаткарница, чај, кафе, колачи, закуски во текот на денот, стандардни локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци на точење, бар на плажа 10:00-18:00, лоби бар, сладолед и вафли во одредено време од денот, диско.
Со доплата се италијански и рибен À la carte ресторан, увозни пијалаци, флаширани пијалаци, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани (рибен, италијански и турски), барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата се доктор, медицинска сестра, чување деца, центар за убавина, фризер, продавници, перење и хемиско чистење, изнајмување кола, телефон, факс, бизнис центар. Wi-Fi интернет е бесплатен во заедничките простории.
Плажа
Хотелска приватна плажа долга 300м. Плажата е со песок и со ситни камчиња. Лежалки се бесплатни, а крпите за на плажа се со депозит. Платформата на плажа е достапна за гости над 16 години.
Спорт и забава
Базени за возрасни и деца, аква парк со 5 лизгалки, фитнес центар, тениски терени, одбојка на плажа, пикадо, пинг понг, мини фудбал, сауна.
Со доплата се спортови на вода, турска бања, масажи и третмани во СПА центарот, школа за нуркање, осветлување за тениски терени.
Забавни програми во текот на денот, детско игралиште, мини клуб за деца, разни актовности за возрасни и деца.
Хотелот е реновиран во 2023 година.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Çiftlik, Mumcular-Bodrum Yolu, 48410 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps