Прескокни кон содржината
BODRUM HOLIDAY RESORT
Повлечи за повеќе слики

BODRUM HOLIDAY RESORT

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во Кизилагач - Ичмелер, на 4 км од центарот на Бодрум и 35 км од Аеродромот.

Сместување

Хотелот е отворен во 2002 година, а последен пат е реновиран во 2016 година. Зафаќа површина од 124.000 м2 и има вкупно 438 соби сместени во главната зграда, анекс зграда и во 9 блока каде што има клубски соби.Сите соби имаат фен, телефон, бања со када или туш, LCD телевизор, клима уред, сеф, мини фрижидер.
Стандардната соба во главната зграда има површина од 45м2, има еден француски кревет и софа.
Семејната соба има површина од 47-60м2, може да биде во главната зграда, анекс зграда или во клубската зона (во клубската зона собите се помали).
Анекс собата и клубската стандардна соба имаат површина од 25м2 и имаат само еден брачен кревет (клубската стандардна соба може да има или еден брачен кревет или два одделни кревети).
Со доплата: телефон

Содржини

Гостите на хотелот на располагање имаат главен ресторан, 3 à la carte ресторани, 3 базени, затворен базен, спа центар, фитнес центар. Доктор, фризер, маркет, услуга за перење и пеглање, изнајмување автомобили, конференциска сала. . Wi-Fi интернет е достапен бесплатно во јавните хотелски простории.
Со доплата: чување деца.

Спорт и забава

Главен базен за возрасни, клубски базен, базен со лизгалки, внатрешен базен за возрасни. Други активности вклучуваат пинг-понг, билијард, пикадо, шах, тенис, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа За деца има детски базен, затворен детски базен, аква парк, мини клуб.
Со доплата: масажи и други третмани за лице и тело, турска бања, сауна, сортови на вода, осветлување на тениски терени и други работи што не се хаведени во концептот.

Услуга

Хотелот нуди услуга All Inclusive - самопослужување - избор од неколку јадења во главниот ресторан (појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера) во главниот ресторан. Покрај главниот ресторан, хотелот има и 3 à la carte ресторани (медитерански и турски ресторани), 5 барови (лоби бар, бар „Кафе „Турк“, бар на плажа, бар покрај базен, бар „Аква“) и дискотека. Во концептот на услугата се вклучени оброци во главниот ресторан, закуски и слатки во текот на денот во одредени периоди на одредени места во хотелскиот комплекс, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Со доплата: à la carte ресторани (со задолжителна претходна резервација), увозни и премиум пијалоци и сè друго  што не е вклучено во концептот

Плажа

Хотелот располага со сопствена плажа долга 400 метри. Користење на лежалки, чадори за сонце и  крпи за плажа е бесплатно.
Со доплата: павиљони. 

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

İçmeler Koyu, Kızılağaç Mevkii, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps