
BLUE DREAMS RESORT & SPA
Локација
Хотелот се наоѓа во Торба, на 15 км од центарот на Бодрум и околу 25 км од аеродромот.
Сместување
Хотелот се наоѓа на одлична локација и во прекрасна природна средина. Се простира на површина од 52.000 м2 и има вкупно 335 соби (238 клубски соби, 31 клубска семејна соба и 66 делукс соби). Собите се распоредени во двокатни и трикатни згради, додека делукс собите се наоѓаат во посебен простор и имаат поглед на морето или базенот.
Клуб собата има површина од 20-24м2, сплит клима уред и плочки на подот. Овие соби можат да имаат поглед на море или градина/земја. Реновирани се во 2023 година. Имаат нов мебел, ново осветлување, нов клима уред и реновирана бања.
Клуб семејната соба има површина од 35м2 и се состои од две одделни единици со заедничка бања. Овие соби имаат и сплит клима уред и плочки на подот. Овие соби можат да имаат поглед на море или градина/земја.
Делукс собата има површина од 35-40м2, има централна климатизација, машина за еспресо кафе, паркет и сите соби од овој тип имаат поглед на море.
Сите соби имаат сет за кафе и чај, дигитален сеф, мини бар, LCD телевизор и сателитски канали, клима уред, бања со туш, фен за коса, телефон.
Содржини
Главен ресторан, ресторан за грицки, 3 à la carte ресторани, неколку базени, спа центар, слаткарница, дискотека и 5 барови (Coco бар, Dream бар, лоби бар, бар на плажа, бар покрај базенот Infinity и чајна градина). Wi-Fi е бесплатен во јавните простории на хотелот.
За најмладите има мини клуб, мини дискотека, игралиште, аква парк со 4 лизгалки, како и разни анимации и програми. Доктор, услуга за перење и пеглање, изнајмување автомобили, продавници, фризерски салон, менувачница, фотограф, торти за роденден.
Со доплата: чување деца.
Спорт и забава
Базен со анимации, инфинити базен и релаксација, затворен базен, детски базен, базен со лизгалки. Други спортови вклучувајќи тенис, пикадо, кошарка, билијард, пинг-понг, ватерполо, гимнастика во вода, аеробик, степ аеробик, аеробик во вода, фитнес, одбојка на плажа, дневни анимации и вечерна програма. Сауна, турска бања, парна бања.
Со доплата: масажи и други третмани за лице и тело, нуркање, спортови на вода, часови по тенис, осветлување на тениски терени и друго што не е вклучено во концептот на хотелот.
Услуга
Хотелот нуди услуга Ultra All Inclusive - самопослужување - избор од неколку јадења во главниот ресторан (појадок, доцен појадок, ручек, вечера и полноќна ужина). Покрај главниот ресторан, гостите имаат и 3 à la carte ресторани (рибен, италијански и турски), слаткарница, ресторан за ужина и 5 барови (Coco бар, Dream бар, лоби бар, бар на плажа, бар покрај базенот Infinity и чајна градина). Концептот на услугата ги вклучува сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, оброци во главниот ресторан, како и ужини и закуски во одредени периоди на одредени места во хотелскиот комплекс.
Со доплата: увозни и премиум пијалоци, квалитетни локални вина, пијалоци во шишиња, некои пијалоци во Coco барот, à la carte ресторани (само рибниот ресторан е бесплатен еднаш со претходна резервација и минимален престој од 7 ноќевања), свежо цедени сокови и други производи кои не се дел од концептот.
Плажа
Хотелот се наоѓа на сопствена плажа долга 700 метри со пристаниште. Користењето на чадори за сонце, лежалки и крпи за плажа е бесплатно.
Со доплата: павињони.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Torba, Herodot Bulvarı No:11, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps