
BELLAZURE HOTEL
Локаицја
Хотелот се наоѓа во Акјарлар, на околу 9 км од Тургутреис и околу 23 км од центарот на Бодрум. Аеродромот Милас е оддалечен околу 60 км.
Сместување
Хотелот е многу добро организиран, сместен во прекрасна природна средина, па затоа се препорачува за мирен одмор. зафаќа површина од 16.000 м² и има вкупно 179 соби (116 стандардни соби и 23 клуб соби. Сите соби имаат клима уред, Wi-Fi интернет, мини бар, сеф, телефон, сателитска телевизија, бања, фен за коса.
Стандардна соба со површина од 30м². Собите имаат балкон и можат да имаат поглед на базенот или море.
Клуб соба со површина од 42м². Имаат спална соба, дневна соба со софа на расклопување и балкон.
Со доплата: собна услуга, телефон.
Содржини
Главен ресторан, гостите имаат на располагање и à la carte ресторан, барови (лоби бар, бар покрај базен, бар за релаксација, Blue бар), фитнес и спа центар. За деца, има дневни и вечерни анимации, детско игралиште и детски базен. Доктор, изнајмување автомобили, услуга за перење и пеглање, сала за состаноци, библиотека.
Со долата: чување деца.
Спорт и забава
Два отворени базени, детски базен, аеробик, ватерполо, пикадо, одбојка на плажа, билијард, фитнес центар, како и други дневни и вечерни анимации (жива музика двапати неделно, професионални претстави три пати неделно и програма на аниматорскиот тим еднаш неделно). Wi-Fi интернет е достапен за гостите на хотелот бесплатно во сите јавни простории на хотелот. Турска бања (хамам), сауна, парна бања, џакузи.
Со доплата: спортови на вода, нуркање, риболов масажи, пилинг за тело, третмани за лице и тело и други активности што не се спомнати во концептот.
Услуга
Хотелот има услуга All Inclusive (самопослужување - избор на неколку јадења според правилата на хотелот). Покрај главниот ресторан каде што се служат главните оброци (појадок, доцен појадок, ручек, вечера и полноќна ужина), гостите имаат на располагање и à la carte ресторан со турска кујна, како и барови (лоби бар, бар покрај базенот, релакс бар, „ Blue бар“). Концептот на услугата вклучува оброци во главниот ресторан, ужини и десерти во текот на денот во одредени периоди на одредени места во хотелскиот комплекс, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Концептот all inclusive трае од 10:00 до 00:00 часот.
Хотелот го задржува правото да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина...).
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, сите пијалоци по полноќ, à la carte ресторан и други услуги што не се вклучени во концептот.
Плажа
Хотелот е оддалечен околу 120 метри од плажата. Гостите можат да користат лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа бесплатно.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Merkez Mah, Barış Manço Cd. No: 4-A, 48960 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps