Прескокни кон содржината
BAIA HOTEL BODRUM
Повлечи за повеќе слики

BAIA HOTEL BODRUM

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа на 30 км од центарот Бодрум и околу 40 км од аеродромот.

Сместување

Хотелот располага со 228 соби. Собите имаат балкон или тераса со поглед кон море или градина, бања со туш, фен, клима, бањарки, влечки, телефон, мини бар (сокови, вода и пиво се дополнува секој ден), сеф, сателитска ЛЦД ТВ, сет за кафе и чај, интернет, плочки на подот.
Main Building Deluxe Garden View Room 28-30 m², со еден француски или два единечни кревети, макс. 3 лица).Main Building Deluxe Garden View Room 28-30 m², со еден француски или два единечни кревети, макс. 3 лица.
Main Building Deluxe Wood terrace room 28-30 m², со еден француски или два единечни кревети, еден единечен кревет, макс. 4 лица).
Main Building Senior Suite 72 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со софа.
Premium Garden View room 28-30 m², со еден француски кревет или два единечни кревети, еден единечен кревет, макс. 4 лица.
Premium Sea View room 28-30 m², со еден француски  кревет или два единечни кревети, еден единечен кревет, макс. 4 лица.
Premium Garden Terrace room 28-30 m², со француски кревет или два единечни кревети, еден единечен кревет, макс. 4 лица, на приземје, имаат директен пристап во градина.
Premium Quatro rooms 35 m², еден француски кревет  и еден единечен кревет,бања, макс.2+2.
Premium suite 60 m², една спална со француски кревет, една дневна соба со софа, една бања, француски балкон или тераса).
Хотелот има соби за лица со попреченост.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, А la carte ресторани (рибен и стек ресторан), сервис бар во главен ресторан, бар покрај базен, на плажа, во диско и лоби, снек бар.
Wi-Fi интернет е бесплатен.
Со доплата: доктор, перење и хемиско чистење, чување деца, користење конференсиска сала, изнајмување кола, продавници, А la carte ресторани, услуга во соба, телефон, компјутерски игри се со доплата.
Хотелот е реновиран во 2024 година (соби, базени, општи области во хотелот, лоби, слаткарница, СПА и Велнес центар).

Спорт и забава

Отворени и затворени базени со дел за деца, СПА центар со турска бања, сауна, парна соба, фитнес центар, забавен парк за деца со базен, фитнес центар, јога, гимнастика, пикадо, пинг понг, тениско и кошаркарско игралиште, диско кино, мини фудбал. Забавни програми и анимации во текот на денот, музика во живо и ДЈ забава во вечерните часови. Мини клуб за деца со кретивно студио и ателје.
Со доплата: билијард, куглана, спортови на вода, осветлување на тениско игралиште, опрема за тенис, масажи и други третмани во СПА центарот.

Услуга

Услугата во хотелот е ултра се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ноќно бифе, слаткарница, закуски во текот на денот, ѓозлеме, брза храна, топли напитоци, Starbucks Corner, свежо цедени сокови во бар покрај базен, коктели, свежо овошје во бар на плажа, алкохолни и безалкохолни локални пијалаци, рибен À la carte ресторан, со мин. 6 ноќевања и претходна резервација.
Со доплата:  стек А la carte ресторанот (потребна е резервација најмалку еден ден порано), услуга во соба, увозни пијалаци, и сѐ останато што не е наведено во концептот.

Плажа

Хотелот има сопствена плажа (околу 200 м долга) со долга платформа, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири. Павилјоните се со претходна резервација и доплата. 

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

TÜRKİYE, Aşağı, 48965 Gündoğan/Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps