
ARMONIA HOLIDAY VILLAGE & SPA
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Акијалар, на околу 53 км од аеродромот и на околу 24 км од центарот на Бодрум.
Сместување
Хотелот располага вкупно со 381 соба од кои 4 сби се за лица со попреченост.
Standard rooms (20 м², два единечни или еден француски кревет).
Large rooms (26 м², брачен кревет, и кревет на кат).
Junior suite (32 м², една спална, една дневна соба).
Oval suite (45 м², овален кревет, овално џакузи).
Deluxe rooms (22 м², една сплана соба, џакузи).
Deluxe suite (46 м², една спална соба, една дневна соба, џакузи).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, сеф, мини бар (секојдневно се полни со вода), клима, телефон, поглед кон градина, тераса или балкон.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (италијански, турски, рибен), паб, бар со закуски, лоби бар, барови низ хотелскиот комплекс, диско бар. Wi-Fi интернет е бесплатен.
Со доплата: доктор на повик, перење и пеглање алишта, , продавници, фотограф, фризер, сувенирница, бутик, изнајмување автомобил.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, тобоган, турска бања, сауна, фитнес центар, тенис (опрема е со депозит), мини кошарка, , мини голф, аеробик, пикадо, пинг понг, одбојка на плажа, фудбал на плажа. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови. Мини клуб за деца (4-12), детско игралиште.
Со доплата: масажи и третмани во СПА центарот, спортови на вода, школа за нуркање, опрема за тенис.
Услуга
Услугата во хотелот е на база All inclusive - 24 часа услуга за храна и пијалаци, појадок, доцен појадок ручек, вечера, закуски во текот на денот, колачи и торти, сладолед во одредено време од денот, полноќна супа, бар со закуски, диско бар, англиски паб, бар покрај базен и на плажа, лоби бар, À la carte ресторани (италијански, турски) бесплатно еднаш за време на престојот и потребна е претходна резервација, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, кафе и чај.
Со доплата: увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, наргиле, услуга во соба, турско кафе, рибен À la carte ресторан, и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Плажа
Хотелска приватна плажа, со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Програма
Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје.
ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.
Вклучено
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување
Напомена
- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.
Локација
Turgutreis, Kemer Mevkii, 48400 Bodrum/Muğla, Türkiye
Отвори во Google Maps