Прескокни кон содржината
ARIN RESORT BODRUM
Повлечи за повеќе слики

ARIN RESORT BODRUM

БодрумUltra All Inclusive

Локација

Се наоѓа на околу 1 км од центарот на Тургутреис, околу 20 км од центарот на Бодрум и околу 55 км од аеродромот.

Сместување

Хотелот се простира на површина од 30.000 м2 и има вкупно 248 соби. Сите соби се распоредени во две згради (главна зграда и дополнителна зграда).
Стандардните соби се со големина од околу 30 м2, можат да бидат во главната зграда или во анекс зградата (која е поблиску до морето) и можат да имаат поглед на море или градина (главна зграда) или само поглед на море (анекс зграда).
Семејната соба е со големина од околу 35 м2 и се состои од две соби и може да има поглед на море или градина, а исто како и стандардните соби можат да бидат во главната или во анекс зградата.
Сите соби имаат клима уред, сателитска LCD телевизија, сет за кафе и чај, фен, сеф, мини бар (само за вода), керамички под, бања со туш и балкон.
Со доплата: собна услуга, телефон.

Содржини

Гостите имаат на располагање главен ресторан, 2 à la carte ресторани, неколку барови, базени, спа центар и фитнес.Хотелот е прилагоден за гости со посебни потреби, има рампи на базените.
За деца има мини клуб (4-12 години), игралиште, детски базен, мини диско, анимации. Мини маркет, фотограф, фризерски салон, конференциска сала, лекар, изнајмување автомобили, услуги за перење и пеглање.
Мини маркет, фотограф, фризерски салон, конференциска сала, лекар, изнајмување автомобили, услуги за перење и пеглање.

Спорт и забава

Хотелот има главен базен за возрасни со анимации, базен за релаксација, базен со 2 лизгалки, внатрешен базен, детски базен, анимации, аеробик, аеробик во вода, пинг-понг, фитнес, одбојка на плажа, пикадо, кино, разни игри во базенот, дискотека во барот на базенот, како и други дневни анимации и вечерна програма. Турска бања, сауна, парна бања.
Со долата: масажи, третмани за нега на лице и тело, спортови во вода и други работи што не се ведени во џотелскиот концепт.

Услуга

Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive - појадок, ручек, вечера, полноќна ужина во главниот ресторан „The Islands“ (самопослужување - избор на неколку јадења според правилата на хотелот). Покрај главниот ресторан, хотелот има и два à la carte ресторани (бесплатно еднаш за време на престојот со претходна резервација), ресторан со турска кујна „Saltanat“ и рибен ресторан „Chipura“. Исто така, се нудат неколку барови - лоби бар, бар покрај базенот (24 часа) и бар Starlight. Концептот на услугата вклучува оброци во главниот ресторан, колачи и ужини во одредени периоди на одредени места во хотелскиот комплекс, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Со доплата: à la carte ресторани (тие се бесплатни еднаш за време на престојот), увезени алкохолни и безалкохолни пијалоци и сè друго надвор од концептот.
Хотелот го задржува правото да ги менува деталите за услугата во зависност од сезоната (време, содржина...).

Плажа

Хотелот има сопствена песочна плажа и пристаниште долга 170 метри. Користењето на чадори за сонце, лежалки и плажни крпи е бесплатно. 

Програма

Прв ден | СКОПЈЕ - БОДРУМ
Пристигнување на скопскиот аеродром мин. 3 часа пред полетување. Директен лет кон Бодрум во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето и завршувањето со пасошко-царинските формалности, превземање багаж, итн. Пречек од страна на претставниците на нашата партнер агенција во Бодрум. Организиран групен трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето).
од Втор - до Претпоследен ден | БОДРУМ
Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети . факултативните излети. не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Ноќевање во хотел.
Последен ден | БОДРУМ - СКОПЈЕ
Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Бодрум. Директен чартер лет за Скопје во поставеното време, најчесто во вечерните часови. Пристигнување во Скопје. 

ПРИ ЧЕКИРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СКОПЈЕ И ВО БОДРУМ, ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО И ТОЧНО ДА ЈА ВИДИТЕ ОЗНАКАТА НА ВАШИОТ ЛЕТ НАВЕДЕН НА ВАШАТА АВИОКАРТА, И ДА ПРИСТАПИТЕ ЗА ЧЕКИРАЊЕ НА ШАЛТЕРОТ ОЗНАЧЕН СО ИСТИТЕ ОЗНАКИ НА ЛЕТ.

Вклучено

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- 6, 9, 10 или 13 ноќевања со наведената услуга
- Авионски билет со чартер лет на релација Скопје - Бодрум - Скопје
- Чекиран багаж од 20 кг по лице во авион
- Аеродромски такси и административни такси (за возрасни и деца)
- Организиран групен трансфер аеродром - хотел - аеродром ( на барање, со доплата може да биде организиран и приватен трансфер )
- Организација на аранжманот
- Наш преставник на аеродромот во Скопје и преставник од нашата партнер агенција во Бодрум

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Индивидуални дополнителни хотелски трошоци кои не се наведени во програмата
- Факултативни екскурзии и индивидуални трошоци при патувањето
- Аеродромска такса за инфант 24 € (за бебе 0-1,99 години) се додаваат на цената на аранжманот одкако ќе се внесе инфант во резервацијата--
- Задолжително здравствено - патничко осигурување

Напомена

- За овој аранжман задолжително е секој патник да поседува валиден биометриски македонски  пасош со важност најмалку 180 дена од датумот на завршување на вашиот престој во Турција. Патници сами си одговараат за валидноста на нивните патни исправи односно Организаторот / Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност.
- Доколку патниците немаат македонски пасоши, тогаш тие самите се должни да си ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси никаква одговорност доколку на патник со некомплетни или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.
- Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот, доколку не се оствари минамалниот број на патници за реализација на истиот.
- Организаторот не сноси одговорност за промена на времето и редот на летање на авио компанијата која го реализира чартер летот, доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат или отстранат. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време.
- Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот.
- За сите дополнителни информации и прашања, ве молиме да не контактирате.
- Објавените цени се динамични и со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
- Организаторот не сноси одговорност за поинакви усмено дадени информации поврани со оваа програма
- За овој аранжман важат условите за патување на организаторот и општите услови на СКТМ.

Локација

Bahçelievler Mah, Bahçelievler, Şehit Kenan Aybey Caddesi No: 123, 48960 Bodrum/Muğla, Türkiye

Отвори во Google Maps