
TRANSATLANTIK BEACH (EX.ASDEM BEACH)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Сместување
Вкупно 210 соби.
Standard rooms (26-30 m², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет или екстра кревет, купатило, макс.2+1лице).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, клима, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, Wi-Fi интернет конекција, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалаци-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, кафе и чај, вечера, полноќна супа, Снек Бар на плажа од 10.00 часот до 18.00 часот ,сладолед во определени часови во текот на денот, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 часот до 24.00 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, специјални локални и увозни пијалаци, пијалаци во шише и лименка, турско кафе, услуга во соба, свежо цедени сокови, À la carte ресторан е со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, рибен À la carte ресторан, слаткарница, бар со закуски, лоби бар.
Доктор, перење алишта, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во лобито и во собите (ограничен и со мала брзина) е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња. Лежалките и чадорите се бесплатни, а крпите за на плажа се со депозит.
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, тобогани, пинг понг, фитнес салон, турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терени.
Со доплата се спортови на вода, масажа и СПА центар.
Забавни програми во текот на денот, натпревари, а навечер шоу програм. Мини клуб за деца помеѓу 4-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.
» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Başkomutan, Beldibi, Atatürk Cd. No:133, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps