
SERENITY QUEEN HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Конакли, 15 km до Аланија и 120 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 233 соби.
Делукс соби (24+30 m², една спална соба со два единечни кревети или еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, бањарка, сплит систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци, пиво, грицки, јаткасти плодови се полнат секојдневно), електрилен бокал, сет за чај и кафе, сеф, под со плочки, сателитска ТВ, WI-FI интернет конекција, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне торта, кафе, чај, ноќни закуски и ран појадок, диететско и вегетаријанско бифе, детско бифе, сладолед во одредени часови. Локални и стандардни увезени алкохолни и безалкохолни пијалаци, Снек бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот.
Не се вклучени: увозни пијалаци кои не се на менито, премиум пијалаци, специјални вина, пијалаци во шише и лименка, свежo цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престој, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани, барови околу хотелскиот комплекс.
Не се вклучени: Доктор, чување деца, продавници, изнајмување кола.
WI-FI интернет конекција е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња, на 100 метри од хотелот.
Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, одбојка на плажа, пинг-понг, фитнес центар, турска бања, сауна, се бесплатни.
Се доплаќа: масажа, спортови на вода, СПА и велнес центар, центар за нуркање, билијард и соба за игри.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, детско игралиште, мини кино и мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.
» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Konaklı, Nergiz Sokak No: 1 D:1, 07491 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps