
SENZA THE INN RESORT & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е лоциран во Turkler регионот, 15 км од центарот на Аланија и 100км од аеродромот во Анталија .
Сместување
Вкупен број на соби 425. Стандардни соби 322 (24м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), дуплекс фамилијарни соби 82 (30м², две спални соби, едно купатило, макс. 2+2 лица), 3 соби за хендикепирани лица. Сите соби се со купатило со када, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови и вода на пристигнување, подоцна само вода), сеф (се наплаќа) , сателитска ТВ и музички канали, балкон, Wi-fi интернет конекција.
Услуга
Ултра Се вклучено–шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина наутро и попладне чај, кафе, колачи, полноќна ужина, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безакохолни пијалоци од 10.00-24.00ч, А’la Cаrte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, ужина на плажа 12.00-17.00ч., сладолед во одредени часови. Увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, А’la Carte ресторани-Fish Inn (рибен ресторант), Turk Inn (Турска кујна), Inn Ka (Мексиканскa кујна), Italy Inn (Италијанска кујна), лоби бар, бар покрај базенот, бар на плажа. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, rent a car дополнително се наплатуваат.
Плажа
Хотелска плажа на 400м. од хотелот, со камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат. (Има тунел до плажа, или пак гостите го користат шатл превозот кој е бесплатен).
Спорт и забава
Отворени и затворен базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, пинг понг, тениско игралиште, одбојка на плажа. Спортови на вода, осветлување на тениско игралиште, билијард, Спа центар и центар за убавина, масажа се со доплата. Забавни програми во текот на денот, натпревари, вечерени шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 год. и Јуниор клуб за деца од 13-16 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА
Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ
Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.
» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.
Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Payallar, Cumhuriyet Cd., 07407 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps