
RING BEACH HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 20 км од центарот на Кемер и 40 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 226 соби. Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централен систем за климатизација, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), ламинат, ТВ и балкон.
Стандардни соби (28 м², една спална соба, едно купатило, макс.2+2лица).
Фамилијарни соби (28 м², две спални соби со конектирачка врата, едно купатило, макс.4 лица).
Услуга
Услугата во хотелот е All inclusive шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, ноќна закуска. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, детско бифе.
Со доплата: сите увозни пијалоци, специјални увозни и локални вина, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, пијалоци во диско клуб.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, продавници дополнително се наплаќаат. WI-FI во собите, јавните површини и лобито е бесплатно.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, фитнес сала, одбојка на плажа, пинг-понг и гимнастика.
Со доплата : спортови на вода, спа центар, масажа и сите третмани за убавина, билијард.
Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со специјални програми, детско игралиште и мини диско во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Başkomutan, Beldibi, Atatürk Cd. No:103/1, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps