Прескокни кон содржината
RELAX BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

RELAX BEACH HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотел се наоѓа во регионот Тосмур. Од центарот на Аланија е оддалечен 4,5 км, а од аеродромот во Анталија 130 км.

Сместување
Хотелот располага со соби 164 распоредени во два блока. Сите соби имаат бања со туш, фен, клима, директна телефонска линија, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Стандардна соба (18м2 - 22м2, 1 спална соба, 1 бања, макс. 2+2 лица),
Фамилијарна конект соба (20-25м2, две спални соби одделени со врата, една бања, макс 4 лица)

Услуга
Услугата во хотелот е All Inclusive на база на отворено бифе-самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса) за појадок, ручек и вечера, доцен појадок, попладневно кафе, чај и колачи, локални алкохолни пијалоци (пиво, ракија, џин, вотка и наливно вино) и безалкохолни пијалоци од 10 часот до 23 часот.
Со доплата:останати домашни пијалоци, увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, храна и пијалоци на плажа.

Содржината
Хотелот има главен ресторан, лоби бар, бар покрај базен и на плажа, диско. Бесплатен Wi-Fi интернет во лобито.
Со доплата: лекарска услуга, трговски центар, rent a car.

Плажа
Хотелот има приватната плажа со камчиња на  50м (премин под патот). Чадори за сонце, лежалки бесплатно, пешкири за плажа со депозит.

Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, 2 тобогани, пинг-понг.
Со доплата: спортови на вода.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  
 

Локација

Tosmur, 07469 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps