Прескокни кон содржината
PALOMA GRIDA
Повлечи за повеќе слики

PALOMA GRIDA

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 km од аеродромот во Анталија и 45 km од центарот на Анталија.

Сместување

Вкупно 529 соби во главна зграда и вила блокови.
Standard Bungalow (лоцирани во градината, 24 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Standard Main building rooms (27 m², една спална со француски кревет + две софи, едно купатило, макс.3+1 дете).
Superior standard land or sea view rooms (40 m², поголема спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + една софа, едно купатило, макс. 3+1 дете).  
Family Suit Garden (45 m², една спална соба со француски кревет, дневна соба со два софа кревети, едно купатило, макс. 3+1 дете).
Family Suit Main building (50 m², една спална соба со француски кревет + една дневна соба со две софи, две купатила, макс. 2 лица).
Duplex Family suit (55 m², една спална соба на горниот кат со француски кревет, купатило, на долниот кат дневна соба со софа кревети, друго купатило, макс.4+1дете).
Во Лагуна просторот: Lake Suite direct pool access + 18 (50 m², една спална соба со француски кревет, две купатила, макс.2 лица).
Lagoon Suit (50 m², лоциран на горниот кат од зградата со една спална соба со француски кревет + една дневна соба со две софи, две купатила, макс. 4 лица).
Lagoon Suit direct pool access (50 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со две софи, две купатила, голема тераса со директен пристап до базенот, макс. 4+1дете).  
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина и фен за коса, централна клима, телефон, мини бар (сокови, вода и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон, WI-FI интернет.

Услуга

Luxury Ултра сѐ вклучено  - 24 часовна услуга за храна и пијалаци, пијалак за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, ужина во доцните часови во Bianco Bar цел ден, свежо цеден сок за појадок, сладолед за време на ручек и вечера, слаткарница, À la Carte  (Далечен Исток, медитерански и турски) со претходна резервација, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци À la carte Steak House е со доплата, свежо цедени сокови освен за појадок, собна услуга, наргиле.

Содржини

Главен ресторан Paloma со шведска маса, Ресторани À la Carte: интернационален À la Carte, Aegean - морска храна, Ottoman - турска кујна, Lotus - кинеска кујна, Steak House и за гостите од Lake Villa - ресторан Lake House. Барови низ целиот хотелски комплекс.
Со доплата: доктор, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, фризер, изнајмување кола. Wi-FI Интернет во целиот хотел е бесплатен.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со доплата.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, гимнастика, пинг-понг.
Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување на тениските терени, опрема за тенис, масажа, СПА и велнес центар.
Забавни програми во текот на денот за возрасни и деца во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 и во летната сезона тинејџерски програми (13-16 години).

Хотелот е реновиран во 2025 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

İskele Mevkii, 07500 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps