Прескокни кон содржината
OZKAYMAK SELECT HOTEL
Повлечи за повеќе слики

OZKAYMAK SELECT HOTEL

АланијаUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е лоциран во областа Incekum. 20 км од Аланија и околу 90 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 267. Стандардни соби 220 (40м², макс.3+1 лице), 24 Junior суита (45м², една спална соба +едно купатило ,макс.2+1 лице), 21 фамилијарни соби ( 55м²,две спални соби , едно купатило , макс.4+ 1 лице). Сите соби се со купатило со када , фен, централна клима систем која работи во зависност од временските услови , мини бар ( вода и безалкохолни пијалоци на пристугнување , подоцна секојдневно се надополнува со вода), сеф, сателитска ТВ и музички канали, тепих на подот , балкон.

Услуга
Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина во текот на денот, вечера, домашни и некои стандарни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, А’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот. Увозни пијалоци , сите увозни пијалоци во Диско клубот , свежо цедени сокови, Турско кафе, секое следно користење на А’la Carte рестораните , флаширани пијалоци, услуга во соба дополнително се наплаќаат.

Плажа
Хотелска песочна плажа, лежалки , чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски игралишта ,кошарка , одбојка, пинг понг. Спортови на вода, масажа, осветлување на тениските игралишта, Спа & Wellness центар , билијард се наплатуваат. Забавни програми , натпревари, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца 4-12 години.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Avsallar, 07410 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps