
OZKAYMAK MARINA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Сместување
Вкупно 271 соби во една главна зграда и анекс зграда.
Standard rooms (26 m², една спална соба со два единечни кревети (145х200), едно купатило, макс.2 + 2 лица).
Standard annex rooms (24 m², една спална соба со два единечни кревети (110 х 200) + екстра кревет, едно купатило, макс. 2 + 2 лица).
Family rooms (52 m², две соби поврзани со врата, една спална соба со француски кревет (200 х 200) и другата спална со два единечни кревети (145 х 200), две купатила, макс. 4 лица).
Хотелот има и две соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат приватно купатило со када и туш, фен, VRF клима, телефон, мини бар (со доплата), сеф, тепих на подот, WI – FI интернет, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски во текот на денот, попладневно кафе и чај, вечера, полноќни закуски и ран појадок до 07.00 часот наутро. Локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, некои увозни алкохолни пијалаци, бар на плажа од 10.00 – 18.00 кој служи само чај, кафе, концентрирани овошни сокови, сладолед во одредени часови покрај базенот, À la carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на целиот престој. Не е вклучено: увозни пијалаци кои не се во концептот, премиум пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални локални и увозни вина, турско и еспресо кафе, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, рибен À la carte ресторан, бар покрај базенот, лоби бар.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници се наплаќаат. WI - FI интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, на 150 m од хотелот. Чадорите за сонце, лежалките и крпите за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, сауна, турска бања, фитнес центар, пинг понг, тениски терени се бесплатни.
НЕ Е ВКЛУЧЕНО: спортови на вода, масажа, центар за убавина, билјард, играчница, осветлување на тениските терени и опрема за тенис.
Забавни програми во текот на денот, а навечер шоу програми. Мини клуб за деца.
Хотелот е реновиран во 2024 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Merkez, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps