Прескокни кон содржината
OZKAYMAK FALEZ
Повлечи за повеќе слики

OZKAYMAK FALEZ

Анталија ЦентарUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Antalya City

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е сместен во центарот на Анталија, 11км од аеродромот на Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 342. Стандардни соби 320 (28м², 2+1 лица), суит соби 20 (58м², 2+2 лица, една дневна соба и една спална соба) и 2 Кинг суит (212м²). Сите соби се со страничен поглед на море и со балкон, купатило со када, фен и телефон, клима систем, телефон, мини бар (вода, минерална вода и сокови), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали.

Услуга
Се вклучено‐шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, A ‘la Сarte ресторан со претходна резервација и само еднаш за време на престојот. Увозните пијалоци, услуга во соба, сладолед, свежо цедени сокови, Турско кафе, сите флаширани пијалоци и сета храна и пијалоци по 24.00ч. се наплатуваат. Содржини Главен ресторант‐шведска маса, А ‘la Carte ресторани–La Pergola, Falez ресторант, Mehtap club ресторант, барови на различни локации во хотелот. Продавници, фризер, сервис за перење и пеглање, доктор, чување деца, rent a car, телефон, факс, интернет се доплатува.

Плажа
Приватна хотелска плажа оддалечена 500м од хотелот (бесплатен превоз) со пешкири, лежалки и чадори за сонце кои не се наплатуваат.

Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен за деца, тениски игралишта, фитнес, сауна, Турска бања. Масажа, салон за убавина, осветлување за тениските терени, СПА центар, билијард, компјутерски игри, спортови на вода се наплатуваат.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

1, Bahçelievler, Tarık Akıltopu Cd., 07050 Muratpaşa/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps