Прескокни кон содржината
ORFEUS PARK HOTEL
Повлечи за повеќе слики

ORFEUS PARK HOTEL

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Colakli, оддалечен 9км од Side и 55км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 296.
Стандардни соби (23m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода секој ден), сеф (се доплаќа), ламинатен или керамички под, сателитска телевизија и музички канали и балкон.

Услуга
All inclusive – шведска маса со појадок, ручек и вечера, попладневни колачи, чај, кафе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот, храна и напитоцина плажа од 10:00 – 18:00 часот, сладолед за време на одредени часови покрај базенот. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, Турско кафе, флаширани пијалоци.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, барови покрај базен и на плажа. Доктор на барање, телефон, факс, интернет, сефови дополнително се наплатуваат.

Плажа
Хотелска песочна плажа оддалечена 350м од хотелот, со бесплатни лежалки, чадори. Има бесплатен превоз до плажа.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалка на вода, финтес центар, Турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа. Спортови на вода и масажа дополнително се наплатуваат. Мини клуб за деца од 4-12 години, мини диско навечер.

Реновиран: 2015

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Çolaklı, Turizm Cd. No:53, 07550 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps