
NUMA KONAKTEPE HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Конакли, 12 km до Аланија и 116 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 225 соби во две згради.
Стандардни соби (26 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица).
Фамилијарни соби (35 m², две спални соби, една со француски кревет, а другата со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Соби со поглед на базен (26 m², стандардни соби на приземје, со поглед кон големиот заеднички базен, но не и директен пристап до базенот, една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина и фен за коса, клима, телефон, мини бар (вода се полни секој ден), сет за чај и кафе, сеф (со доплата), под со плочки, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
Услуга
Сѐ Вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневна торта, кафе, чај, полноќна закуска, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 до 24.00 часот, снек бар на плажа со храна и услуга за пијалаци од 10:00 до 18:00 часот, слаткарница, сладолед покрај базен во одредени часови.
Не се вклучени: увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сладолед, услуга во соба, сите пијалаци во шише и лименка, турско кафе, специјални вина и коктели, сите пијалаци после 24.00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, бар на плажа.
Доктор, чување деца, фризер, интернет кафе, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.
WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.
Плажа
Приватна хотелска плажа со камчиња, на 500 метри од хотелот.
Лежалки и чадори за сонце се бесплатни, а крпите за плажа се со депозит.
Има бесплатен превоз на секој час, кој ве носи преку подвозникот до плажа.
WI-FI интернет на плажа се доплаќа.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, базен за релаксација (+16), тобогани, одбојкај на плажа, пинг-понг, фитнес центар, се бесплатни.
Се доплаќа: турска бања, масажа,сауна, спортови на вода, СПА и салон за убавина, билијард и компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 години.
Хотелот е реновиран во 2022 година / купатилата
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
D-400 Karayolu Uzeri Konakli Kasabasi, 07490 Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps