
NIRVANA COSMOPOLITAN
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара на 9 км од аеродромот во Анталија и 12км од центарот на градот.
Сместување
Вкупно 717 соби.
Супериор стандардни соби (32м²; лоцирани во главната зграда, една спална, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Стандардни фамилијарни соби (спорт соби), (28м²; лоцирани во градината, две спални соби, едно купатило, макс.4 лица).
Фамилијарни апартмани (56м²; лоцирани во главната зграда, една спална соба со француски кревет, една дневна соба со софа, две купатила, макс. 2+2 лица).
Фамилијарни апартмани swim up (44м²; лоцирани во градината, две спални соби, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Делукс апартмани (60м²; лоцирани во главна зграда, една спална соба со француски кревет + софа, едно, купатило, макс. 2+1 лице).
Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, бањарка, влечки, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (безалкохолните пијалоци се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон. WI-FI интернет бесплатен.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено (Local & healty ultra all инклузив концепт базиран на локална и здрава храна) - појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини во снек баровите, детско бифе, диететско катче, сладолед, сите домашни безалкохолни и алкохолни пијалоци и стандардни увозни пијалици, свежо цеден сок само за појадок, сладолед во Dolce Gelato Boutique.
Со доплата: À la Сarte ресторани, Starbucks coffee (2 кафиња по лице на ден се бесплатни, останатите со доплата), луксузни увозни пијалоци, специјални вина и пијалоци во À la Сarte ресторани, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, услуга во соба и lunch box service (има опција и за ББ и ХБ концепт).
BB концепт – појадок и пијалоци за време на појадокот, сите останати услуги се доплаќаат.
HB концепт – појадок, вечера и пијалоци за време на двата оброци (за време на вечерата само трпезно вино и безалкохолни пијалоци, останатите услуги се наплаќаат дополнително).
Содржини
Aquamarine главен ресторан - шведска маса (појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски доцна навечер - бифе), À la Сarte ресторан Weldone-steak house, The sea Club (морска храна), Ukiyo ресторан (кујна од Далечниот Исток), CH`I вегански ресторан; Fellini-италијански ресторан, за сите е потребна претходна резервација.
Снек бар на плажа и покрај базенот, лоби бар, бар на плажа, витамин бар. Бар во Диско. Доктор, перална и хемиско чистење, чување деца, фризер, продавници, изнајмување кола, компјутерски игри, телефон, факс дополнително се наплатуваат. WI-FI е бесплатно во целиот хотел.
Плажа
Хотелска песочна плажа, со чадори, лежалки и крпи кои не се наплатуваат. Павилјони на плажа се со резервација и доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен за деца, аква парк со 15 лизгалки, базен со бранови, релакс базен (се загрева во зима), фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, џакузи, тениски игралишта, одбојка, кошарка, пикадо, пинг понг, фудбал, мини голф. SPA&Wellness center, масажа, спортови на вода, осветлување за тениските игралишта се наплаќаат дополнително.
Забавни програми со професионална екипа во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 4-16 год, поделени во групи со разни програми, мини кино и мини диско клуб во вечерните часови.
Хотелот прифаќа домашни миленичиња со доплата според големината и расата и со претходна најава и е на барање во LUXY PET HOTEL.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Güzeloba Mah. Yaşar Sobutay Bulv, Lara Cd. No:32, 07230 Muratpaşa/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps