Прескокни кон содржината
MYSEA HOTELS ALARA
Повлечи за повеќе слики

MYSEA HOTELS ALARA

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е лоциран во регионот Окурчалар, 90 км од аеродромот Анталија и 33 км од Аланија.

Сместување
Вкупно број на соби 165 во главната зграда. Стандардни соби (24 м2, 1 спална, 1 купатило, макс 2+2 лица), Стандардни соби со кревети на спрат (24 м2, 1 спална со француски кревет + креветчиња на спрат, 1 купатило, макс 2+2 лица), фамилијарни соби (32 м2, 2 спални, 1 купатило, макс 4лица), Корнер соби (30 м2, 1 голема соба, 1 купатило, макс 3лица)Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина, фен, посебен клима уред, директна телефонска линија, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Се вклучено плус – шведска маса за поајдок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, чај и торти, вечера, полноќни снекови. Сите домашни алхохолни и безалхохолни пијалоци од 10:00 -23:00. Со доплата: увезени пијалоци, свежи цедени сокови, флаширани пијалоци, сладолед, наргиле, Турско кафе, собна послуга.

Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, лоби бар, бар покрај базен, барови на плажа од 10:00-18:00 часот. Доктор, чување на деца, фризер, перална, интернет катче, телефон, факс, продавници, рент а кар се доплаќаат. Ви Фи интернет конекцијата се доплаќа.

Плажа
Приватна плажа, 100м од хотелот- песочна и камчеста, опремена со лежалки и чадори за сонце бесплатно.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, водни лизгалки, пинг понг, фитнес центар, Турска бања, сауна. Со доплата: водни спортови, масажа, Спа и салон за убавина, билјард и компјутерски игри. Дневни и вечерни анимации, натпреварувања покрај базените и на плажата, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Okurcalar, İlifos Caddesi No: 30, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps