Прескокни кон содржината
MONACHUS FAMILY RESORT SORGUN
Повлечи за повеќе слики

MONACHUS FAMILY RESORT SORGUN

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Титрејенгул на 7 km од Сиде и 70 km од аердромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 366 соби во хотелска зграда и бунгалови.
Hotel standard rooms (25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Bungalow standard rooms garden view (25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, софа, едно купатило, макс.2+1 лица).
Hotel standard room pool view with large balcony or terrace (25 m², една спална соба со француски кревет + дополнителен кревет + софа, едно купатило, голем балкон или тераса, макс.2+2 лица).
Hotel family rooms (43 m², лоцирани во хотелската зграда, две спални соби одвоени со преграда, едно купатило, макс.4 лица).
Suite room (90 m², една спална соба и една дневна соба одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, бањарки, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (секој ден се дополнува со вода, сокови и пиво), сет за кафе и чај, WI-FI интернет конекција, балкон или тераса, паркет или плочки на под, некои од собите се со француски балкон.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалаци - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, закуски рано наутро и доцна навечер до 07 часот наутро, детско бифе во детскиот ресторан Elmo, катче за палачинки, ресторан со закуски на плажа, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови во денот, пијалаци од концептот во Диско клуб, À la Carte ресторани – турски и италијански со претходна резервација и еднаш за време на престојот, диететско бифе и безглутенска храна на барање во главниот ресторан, Seastar ресторан за закуски со детско катче на плажа од 10:00 – 18:00 часот, слаткарница, пакуван сладолед.
Не е вклучено: останати увозни пијалаци кои не се вклучени во концептот, специјални вина, коктели, луксузни пијалаци, свежо цедени сокови, сите пијалаци во шише и лименка, À la Carte ресторани – рибен и BBQ со претходна резервација и доплата, наргиле, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, италијански, рибен и BBQ ресторан, барови околу хотелскиот комплекс - Lobby Terrace бар, Ocean Beach бар и Amphitheater бар.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење (соба за пеглање – бесплатно доколку гостите сами пеглаат), фризер, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. Wi-Fi интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, детски базени со сенки, аква парк, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, сауна, турска бања се бесплатни.
Со доплата: џакузи, масажа, осветлување за тениски терени, билјард, компјутерски игри, Wellness & SPA центар, сите спортови на вода.
Забавни програми во текот на денот покрај базен и на плажа, натпревари за возрасни и деца во шоу програмите во вечерните часови. Специјален дел од хотелот за деца – Kid’s World – ресторан за деца со мали маси и столчиња, специјални места за играње во текот на денот, спални соби за деца и бебиња, базен со аква парк за деца, разни активности – готвење, садење цвеќиња, цртање на лица. Мини забавен парк, мини диско во вечерните часови, сѐ што е потребно за Вашите деца да бидат среќни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Monachus Family Resort, Sorgun, Titreyengöl Cd. No:12, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps