Прескокни кон содржината
MIRAMARE BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

MIRAMARE BEACH HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 6 km од Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 276 соби во една главна зграда.
Superior rooms (30 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица).
Family connection superior rooms (42 m², поглед кон копно, две спални соби разделени со врата, две купатила, макс.4 лица).
Superior corner rooms (35 m², поглед кон копно, една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет и една софа, едно купатило, макс.2+2 лица).
Deluxe rooms with private garden (40 m², се наоѓаат во приватен ден од градината од 38 m², една спална соба со дупли кревет, една фотелја, едно купатило, макс.2+1 дете).
Deluxe Terrace and Jacuzzi rooms (40 m² + 40 m² долга тераса со џакузи, се наоѓаат на најгорен спрат, една спална соба со дупли кревет, една фотелја, едно купатило, макс.2 лица).
Suit rooms (70 m² со 10 m² балкон, една спална соба со дупли кревет, дневна соба со дел за седење и трпезарија, едно купатило, макс. 2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, VRV клима систем, телефон, мини бар (се дополнува со обична и минерална вода, сокови и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска телевизија и музички канали, балкон или тераса.

Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часа услуга на храна и пијалаци, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, колачи и чај, вечера, закуска доцна навечер, ран појадок до 07.00 наутро, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, некои увозни алкохолни пијалаци, бар и ресторан на плажа од 09:00 – 18:00 часот, свежо цедени сокови за време на појадокот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престој во еден од рестораните.
Нe e вклучено: увозни пијалаци кои не се во мени, премиум увозни пијалаци, луксузни и флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, специјални вина, услуга во соба.
Концепт на платинум услуга (Deluxe Terrace & Jacuzzi room, Deluxe Private Garden, Suit Rooms): Услуга за асистенција и помош на гости, платинумска нараквица, брз чек-ин, доцен чек-аут во зависност од достапноста, неограничено користење на À la Carte рестораните, една бесплатна масажа од 60 минути, услуга за пеглање и перење, брза WI-FI интернет конекција, бесплатна услуга во соба, ВИП пакет со овошје и вино, чоколади, сушено овошје и Nespresso машина за кафе.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Sole Мare – италијанска кујна, Olive- рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб.
Доктор, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење, хемиско чистење, пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.

Плажа

Хотелска песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, ракомет, мини фудбал, кошарка, пинг понг, тениски терени.
Се доплаќа: сите спортови на вода, осветлување за тениски терени, СПА и центар за убавина, масажа, билјард и компјутерски игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 4 - 12 години и клуб за тинејџери од 12 - 16 години со различни програми, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Ilıca, 277. Sk. No:8, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps