
MIRADA DEL MAR HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Гојнук на 45 км од аеродромот во Анталија, 9 км од Кемер и 35 км од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 542 соби.
Комфорт стандардни соби (26-30 м², една спална со француски кревет или два единечни кревета, една софа, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Соби во вили околу градината (30 м²; лоцирани во анекс делот, една спална со француски кревет или 2 единечни кревети + софа, купатило, макс.2+1 лице).
Економските соби се со иста големина како стандардните, но се без поглед и можат да бидат во кој било дел од хотелот.
Фамилијарни соби (48 м²; две спални одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица)
4 соби за лица со попреченост. Собите можат да бидат со поглед на базен, море, градина или планина.
Сите соби се многу удобни и имаат приватно купатило со туш, када, фен, клима, телефон, мини бар (сокови и вода само при пристигнувањето, потоа со доплата), сеф, сателитска тв и музички канали, ламинатен под, балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведка маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, попладне чај, кафе, торта, полноќни закуски, слаткарница (сладолед помеѓу 15-18 часот). Локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24 часот.
Не е вклучено: À la Carte ресторани со претходна резервација, увозни алкохолни пијалоци што не се на мени листата, премиум пијалоци, сите пијалоци после 24.00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, специјални вина, сладолед (освен во определеното време), услуга во соба, пијалоци во диско.
Содржини
Главен ресторан Vista – шведска маса, À la Carte ресторани: La Brezza (италијански), Pescado (мексикански), Anatolia (турски), Turquase (рибен), Terraza (кујна од далечен исток и суши).
Барови насекаде околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, салон за убавина, продавници, телефон, факс, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет (со мала бзина) е бесплатен во лобито.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа, стрелаштво и пикадо.
Масажа, спа, велнес, спортови на вода, билијард, тениски терени, осветлување за тениски терени и опрема и часови по тенис се доплаќаат.
Забавни програми во текот на денот и натпревари. Мини клуб за деца од 4 – 12 години. Шоу програми навечер, турска вечер еднаш неделно и жива музика неколку пати неделно.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Göynük Mah Ahu Ünal Aysal Cad No:7, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps