Прескокни кон содржината
MERIDIA BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

MERIDIA BEACH HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во областа Okurcalar, на 30км од Аланија и на 100км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупен број на соби 330 во главна зграда и во вилите. Стандардни соби (24м2, една спална, едно купатило, макс.2+1 лица, некои соби се со кревети на спрат и може да се сместат 2+2 лица), фамилијарни соби (45м2, две спани, едно купатило, макс. 4 лица), Клуб фамилијарни 1 (две спални, една со француски лежај, друга со кревети на спрат, макс. 4 лица), Клуб фамилијарни соби 2 (три спални, една со француски лежај, другата со два одвени единечни кревети и третата со кревети на спрат, едно купатило, макс. 6 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, клма, телефон, мини бар (вода и безалкоолни пијалоци по пристигнувањето, потоа се дополнува секој ден само со вода), сеф,  сателитска ТВ, балкон.

Услуга

All Inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна вечера, сите локални алкоолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци кои не се на мени листата, премиум пијалоци и специјални вина, сокови од свежо овошје, турско кафе, сите флаширани пијалоци, спакуван сладолед, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан на шведска маса, А’la Carte ресторани: Турска кујна и рибен ресторан, бар во лобито, снек бар покрај базен, бар на плажа. Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, фризер, продавници, дополнително се наплаќаат. Интернет конекцијата е бесплатна во собите и во лобито.

Плажа

Хотелска плажа, песочна со ситни камчиња, лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат. Пешкири за на плажа со депозит.

Спорт и забава

Отворен и затворен базен за деца и возрасни, лизглаки на вода, турска бања, сауна, парна бања, фитнес, пинг понг, одбојка на плажа. Дополнително се наплаќа: масажа, третмани во салонот за убавина, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, натпревари и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца со дневни и вечерни програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  
 

Локација

Okurcalar Mahallesi Karaburun Mevkii Sok: No:1021 No:1021, 07415 Alanya, Türkiye

Отвори во Google Maps