Прескокни кон содржината
MEGASARAY WESTBEACH ANTALYA
Повлечи за повеќе слики

MEGASARAY WESTBEACH ANTALYA

Анталија ЦентарUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Antalya City

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа покрај познатата плажа Конјалти, на 8 km од центарот на Анталија и 20 km од аеродромот.

Сместување

Вкупно 334 соби.
Делукс соби (34 m², една спална со француски кревет или два единечни кревети, една софа, едно купатило, макс. 2+1).
Комфорт соби (34 m², една спална соба со три единечни кревета, или еден француски кревет со еден единечен кревет, купатило, макс. 2+1).
Корнер супериор соби (40 m², една спална со француски кревет, еден единечен кревет, софа, купатило, макс.2+2 деца).
Фамилијарни соби (44 m², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Terrace супериор апартмани (75 m², на највисокиот кат, голема тераса, една спална со француски кревет, гарнитура за седење, купатило, макс.3 лица).
Јуниор апартман (60 m², една спална со француски кревет, дневна соба, едно купатило, макс. 2 лица).
Кралски апартман (225 m², две посебни спални, дневна соба. работна соба, едно купатило и еден тоалет, голема тераса, макс. 6 лица).
Сите соби имаат француски балкон, приватно купатило со када или туш, влечки, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар, електричен бокал, сет за кафе и чај, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски, ручек, вечера, попладне кафе, чај и колачи, полноќна закуска, сладолед во одредено време од денот, закуски во снек барот од 11:00-18:00 часот, бар на плажа 09:00-20:00 часот, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24:00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци кои што не се на менито, свежо цедени сокови, услуга во соба, пијалаци во шише, À la carte ресторани со претходна резервација и со доплата.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани (италијански и рибен), барови низ хотелскиот комплекс.
Продавници, фризер, перење и хемиско чистење, доктор, чување деца, услуга во соба, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата.
Wi-Fi е бесплатно во лоби, во собите и на плажа.

Плажа

Хотелот има сопствена плажа на 500 m оддалеченост, со бесплатни лежалки и чадори за сонце.
Има бесплатен превод од хотел до плажа.

Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени, базен за деца, пинг понг, пикадо, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, одбојка на плажа.
Со доплата се: спортови на вода, масажи, Спа и велнес центар.
Забавни програми во текот на денот и специјални програми навечер. Мини клуб за деца 4-12 години со различни програми.
Хотелот е реновиран во 2022 година. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Gürsu Mah. Akdeniz Bulvarı No:192 Konyaaltı 36.860049362733925, 30.633748462203233, Gürsu, Akdeniz Blv. no:192, 07070 Konyaaltı/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps