
MEDER RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер, на 50 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 228 соби во една главна зграда.
Standard rooms (35 m², една спална со еден француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Economy rooms (35 m², една спална со еден француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица).
Сите соби се со француски балкон, со поглед на градина или на базен, со приватно купатило со када, фен, влечки, централа клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови само при пристигнување), сеф, ламинантен под, сателитска тв и музички канали. WI-FI интернет конекција.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, чај и кафе, вечерни закуски до 23.30 часот. Сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 – 24:00 часот, сладолед во одредени часови во текот на денот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот со сокови и сендвичи. Не се вклучени: сите увозни алкохолни пијалаци што не се на мени листата, флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, храна и пијалаци после 24:00 часот, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан со турска кујна, лоби бар, бар покрај базен. Доктор, чување деца, перење алишта, фризер, продавници, салон за убавина, телефон, факс, изнајмување возила се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска песочна плажа на 300 m од хотелот (приватен дел на јавна плажа). Лежалки и чадори се бесплатни. Бесплатен превоз до плажа. Крпи за на плажа не се достапни.
Спорт и забава
Отворени и затворен базени за возрасни и деца, тобогани (близу до плажата), фитнес центар, сауна, турска бања, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни. Џакузи, велнес центар, спортови на вода, билијард се доплаќаат.
Забавни програми во текот на денот и шоу забави навечер, забави на плажа. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, со различни програми, детско игралиште и мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Merkez, Barış Manço Cd., 07990 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps