
MAYA WORLD PARK BELEK
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа Белек во регионот Кадрије, 10 км од центарот, и 25 км од аеродромот во Анталија. Хотелот е 1400 метри од брегот на морето.
Сместување
Вкупно број на соби 183
Стандардни соби (22m², една спална, едно купатило, макс. 2+1 лице)
Фамилијарна соба (45m², две спални соби разделени со врата, купатило, макс. 4 лица)
Корнер соби ( 30m², една спална, едно купатило, макс. 4лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина или када, фен, клима, телефон, мини бар (се надополнува секој ден со вода), сеф (се доплаќа), сателитска ТВ и музички канали.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, вечера и ноќна ужина. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 -23.30 часот, сладолед во определени часови во денот. Увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, храна и пијалоци на плажа се наплатуваат дополнително.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, снек бар, бар покрај базенот и на плажа. Доктор, перална, хемиско чистење, фризер, чување дете, телефон, интернет, изнајмување кола се со доплата. Wi Fi интернет во во целиот хотелски комплекс со доплата.
Плажа
Хотелска плажа на 1400 м од хотелот. Лежалки, чадори и пешкири, на базен и покрај плажа се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажа.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен за деца и возрасни, четири лизгалици на вода, турска бања, сауна, фитнес центар, тенсики игралишта, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, осветлување за тениските игралишта, масажа, билјард. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 години.
За деца
Детско игралиште
Клуб за деца
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, Beşgöz Caddesi No. 14/1, 07525 Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps