
LUSSO SORGUN
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Соргун, на 5 km од Сиде и Манавгат и 69 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 300 соби во главната зграда.
Superior standard rooms (46 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, макс.3 лица+бебе).
Superior rooms with Jacuzzi (52 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, џакузи на тераса, макс. 3 лица).
Superior Swim up room (66 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, директен пристап до заедничкиот базен, макс. 2 + 1 лица).
Infinity swim up room (66 m², еден француски кревет + две софи, едно купатило, директен пристап до заедничкиот базен, макс. 3+бебе).
Family room (57 m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4+бебе).
Superior Family suit (57 m², две одвоени спални соби едната со француски кревет, друга со два кревети и едно купатило, макс.4 лица).
Lagoon suit (70 m², една спална соба со француски кревет + 2 софи, едно купатило, директен пристап до заеднички базен, макс. 3+бебе).
Duplex lagoon suit (70 m², една спална соба со француски кревет, дневна соба до две софи – како мезанин, две купатила, директен пристап до заеднички базен, макс. 3+бебе).
Honeymoon penthouse (52 m², на најгорниот кат, една спална соба, едно купатило, џакузи на тераса, макс. 2 лица).
Loft penthouse (82 m², на најгорниот кат, една спална соба, една дневна соба, едно купатило, џакузи на тераса, макс.4+бебе).
Fabulous suit (78 m², една спална соба, една дневна соба, едно купатило, приватен базен, 27 m² на терасата, макс.4+бебе).
Presidental suit (95 m², три спални соби, три купатила, дневна соба, директен пристап до приватен базен, 90 m² тераса, макс. 4+бебе)
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина и фен, бањарки, влечки, VRF клима систем, телефон, мини бар, под со ламинат (обична и минерална вода, сокови, пиво се полни секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD телевизор со сателитски програми и музички канали, балкон или тераса. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часовна услуга во Cuisine 24 Bistro – шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски наутро, ручек, попладневен чај, кафе, колачи, вечера, закуски доцна навечер и ран појадок, детско бифе, катче за подготовка на храна за бебиња, диететско и веганско катче, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед, свежо цедени сокови во главниот ресторан, снек бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, ексклузивни вина, флаширани пијалаци, À la carte ресторани се со претходна резервација и доплата, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la carte ресторани со италијанска, грчка, турска анадолска, азиска кујна, барот Roof 360 – со интернационална кујна се доплаќа, барови низ хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, телефон, факс, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет во целиот хотел е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Крпи за плажа, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Има отворени и затворени базени (еден базен само за возрасни) и за деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг не се наплаќаат.
Се доплаќа: масажа, СПА и велнес центар, рефлектори за тениски терени, часови по тенис, спортови на вода.
Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Tugi Kids World - Мини клуб за деца од 3-9 години со програми во текот на денот и навечер, мини диско и разни активности за децата
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Sorgun, Acısu Mevkii, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps