Прескокни кон содржината
KREMLIN PALACE
Повлечи за повеќе слики

KREMLIN PALACE

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Кремлин Палас е лоциран во областа Кунду-Анталија, на површина од 75.000 м2. Аеродромот е оддалечен 20 км или 20 минути возење, додека центарот Лара се наоѓа на само 17 км.

Услуга 
Ultra All Inclusive
Главниот ресторан служи доручек, ручек, вечера и доцни закуски по отворено мени. 7 барови со различна тематика се достапни за коктели, безалкохолни пијалоци и алкохол. Отворени се и 6 а ла карт ресторани од кои еднаш неделно можете да одберете бесплатно. Во услугата е вклучено и чај, кафе, сладолед и брза храна. 
Бесплатно: Коктел за добредојде, мини бар во соба, сеф, фитнес центар, турска бања, сауна, сквош, мини клуб, интернет кафе, целодневни анимации, активности и шоуа, 30 минутен тениски час, тениски реквизити, сурфање (само со сертификат), кану, чадори, лежалки, крпи, интернет во лоби.
Со доплата: Собна услуга, доктор, масажи, центар за убавина, фризер, осветлување на спортски терени, школа за нуркање, хемиско чистење, перална, бебиситер, телефон и факс, спортови на вода, IPTV, павилјони, куглање, интернет во соба. 
A La Carte Ресторани - Бесплатна услуга еднаш во 7 дена. Достапни се турски, италијански, мексикански, медитерански и суши ресторан.

Сместување
Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
Хотелот располага со вкупно 874 соби или 2000 кревети, распределени во 1 главна зграда и 3 блокови, со 10 лифтови. Сите соби имаат сопствен балкон или тераса, со височина од 110 цм. Мини баровите во собите се надополнуваат секој ден.

Плажа
На само 6 минути од вратите на хотелот се наоѓа приватна песочна плажа опремена со чадори и лежалки. Крпите за на плажа се вклучени. Достапни се и павилјони за приватна релаксација со најблиските (со доплата).

Спорт и Забава
Дневни активности: Аква гимнастика, одбојка на плажа, мал фудбал, кошарка, пикадо, џогинг, ватерполо, стрелаштво, тенис, велосипедски тури, курсеви по танц, степ, аеробик и повеќе типови воркшопови. Достапна е и соба за игри. Вечерни активности: Музика, тематски ноќи, шоуа, кабарет, натпревари, музика во живо (3 дена во неделата), караоке и посебни диско програми.

Спа Центар : 
Центарот за здравје содржи фитнес центар, внатрешен базен, Турска бања, шок базен, сауни, џакузи и 7 соби са масажи. Центарот за убавина нуди повеќе типови на третмани и терапии.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Güzeloba, Tesisler Cd No:440/1, 07110 Aksu/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps