
KIMEROS PARK HOLIDAY VILLAGE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Гојнук на 6 km од центарот на Кемер и 46 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 442 соби во 3-катни згради и 2-катни бунгалови. (Собите во градината се поблиску до плажа).
Соби во градина (26 m², лоцирани во бунгаловите, спална соба со брачен кревет и една софа, едно купатило, макс. 2+1+едно бебе).
Апартмани во градина (31 m², лоцирани во бунгаловите, една дневна соба со две софи, една спална соба со брачен кревет, собите се одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица+ 1 бебе). (собите во градината се поблиску до морскиот брег).
Kimeros стандардни соби (26 m², лоцирани во зградите, една спална соба со два единечни кревети и една кревет на расклопување, едно купатило, макс. 2+1 лице).
Kimeros фамилијарни соби (33 m², лоцирани во зградите, две спални соби, едната соба со брачен кревет, другата со два единечни кревети, одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица+1 бебе).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (со вода и сокови се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, керамички под, ТВ со сателитски програми и музички канали.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – пијалак и локум за добредојде, 24 часа храна и пијалaк на различни места во хотелот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладне закуски, чај, кафе, колачи, полноќна закуска, ран појадок до 06.00 часот.
Сите локални алкохолни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредено време во текот на денот, свежо цедени сокови за појадок.
Не е вклучено: специјални увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, услуга во соба, наргиле, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан – морска храна, ужина на плажа, витамински и лоби бар, диско клуб.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, компјутерски игри, интернет кафе, фризер се со доплата.
WI-FI (ниска брзина) е бесплатен на јавни места и во собите.
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Павилјоните се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Надворешени базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес соба, турска бања, сауна, парна соба, тениски терени, пинг понг, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа.
Со доплата: спортови на вода, масажа, SPA, школа за нуркање. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и базен, шоу пробрама навечер. Мини клуб за деца од 4 - 11 години, мини диско навечер и мини панаѓур.
Хотелот е целосно реновиран во 2016 година, а во 2020 реновиран е главниот ресторан.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Göynük, Ahu-Ünal Aysal Cad No:41, 07994 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps