Прескокни кон содржината
KEMPINSKI THE DOME
Повлечи за повеќе слики

KEMPINSKI THE DOME

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во Белек, на 25 km од аеродромот во Анталија и 35 km од центарот на Анталија.

Сместување

Вкупно 158 соби во главната зграда, 43 Лагуна апартмани и 28 приватни вили.

Главна зграда:

Superior rooms (38 m², главна зграда, една спална соба и дел за седење, едно купатило, макс.2 + 1 лице).
Deluxe rooms (38 m², главна зграда, исти како супериор собите, само со поглед кон морето, макс. 2 + 1 лице).
Family rooms (48 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
One bedroom suits (76 m², главна зграда, една спална соба, посебна просторија за седење, едно купатило, макс. 3 лица).
Selcuk suit (180 m², главна зграда, макс. 4 лица).
Сите соби се многу луксузно уредени, со купатило, туш кабина, фен за коса, бањарки, влечки, централен 24-часовен систем за климатизација во зграда на хотелот и сплит систем за климатизација во вилите, мини бар (обична и минерална вода, сокови, џус, пиво, чипс, апетисани, чоколадо се дополнуваат секој ден), сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, паркет, Wi-Fi интернет, балкон, француски балкон или тераса.
Lagoon area (Golf course):
Lagoon suits (90 m², една спална соба, едно купатило, посебна дневна соба, директен пристап до заеднички базен, макс.2+2 лица).
Lagoon Villa (160 m², две посебни спални соби, две купатила, приватен надворешен базен што се загрева во зимскиот период, макс. 4 лица).
Villas - Royal Golf Villa (200 m², лоцирани покрај терените за голф, две спални соби, две купатила, дневна соба, мала кујна, полуприватен базен, макс.4 лица).
Sultan Villa & Pasha Villa (400 m², лоцирани покрај теренот за голф, три спални соби, три купатила, приватна голема тераса со базен, дневна соба, кујна, макс. 6 лица).

Услуга

Luxury Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот, вечера, закуски доцна навечер. Сите локални и одбрани увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сок од свежо овошје и зеленчук, избор на вина од локална винарија, сладолед и овошје.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, ресторани À la Carte со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан за појадок и вечера, À la Carte ресторани: Cilantro (италијанска кујна), Trader’s Spice (азиска кујна), Palm Lounge (скара), Sofra by the Lake (за гостите на вилите е бесплатно), барови низ целиот хотел.
Доктор, медицинска сестра, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, пеглање, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен во целиот хотел.

Плажа

Приватна хотелска плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце, душеци, крпи за плажа се бесплатни. Кабаните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени (нема осветлување за тениските терени).
Се доплаќа: лекции и опрема за тенис, спортови на вода, велнес и центар за СПА, масажа, билијард и компјутерски игри, терени за голф.
Забавна програма, мини клуб за деца од 4 до 12 години со специјални програми, игралиште, мини диско во вечерните часови.
Хотелот е реновиран во 2023 / 2024 година (супериор и делукс соби, главен ресторан, нови лагуна апартмани).

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kadriye, 3 Sokak No: 8 D:7A, 07500 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps