Прескокни кон содржината
KAMELYA COLLECTION FULYA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

KAMELYA COLLECTION FULYA HOTEL

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Чолакли на 5 km од Сиде и 55 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 244 соби во седум катна главна зграда.
Супериор соби со поглед кон градина (28 m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица).
Супериор соби со поглед на море (28 m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со када или туш кабина, фен, бањарки, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (секој ден се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци), електричен бокал, сет за кафе и чај, тепих на под, WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера, полноќни закуски, детско катче, веганска и детокс храна и пијалоци, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, пиво и вино во барот на плажа, свежо цедени сокови само за појадок.
Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, специјални вина и коктели, увозни пијалоци кои не се на мени листата, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.

Содржини
Главни ресторани со шведска маса и за главни оброци (појадок, доцен појадок, ручек, вечера), во Kamelya Fulya ран појадок, закуски, À la Carte ресторани: Turkuaz – турски ресторан, China Town – кинески ресторан, Yengec – рибен ресторан, Ma Belle – француски ресторан, Azteca – мексикански ресторан, La Perla – медитерански ресторан, барови околу хотелскиот комплекс, Café House, бар за закуски на плажа, барови околу базенот и на плажа.
Доктор, чување деца, перење, фризер, телефон, факс, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.
WI–FI стандардна интернет конекција е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни (вкупно 7 отворени и 2 затворени) и за деца (вкупно 14 отворени и 2 затворени), аква парк за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, џакузи, одбојка, гимнастика, одбојка на плажа, кошарка, стрелаштво, пинг понг се бесплатни.
Со доплата: тениски терени, осветлување за тениски терени, часови по тенис и опрема, сите спортови на вода, куглање, билијард, компјутерски игри, масажа, SPA & Wellnes центар, јавање коњ.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, шоу програми во вечерните часови. Chameleon Kids клуб за деца од 4 - 12 години, клуб за тинејџери во сезона од 12 - 18 години, мини зоолошка градина, различни програми и активности во текот на денот и во вечерните часови.

Хотелот е реновиран во 2020 год.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kamelya Cad. No:8-1, 07620 Çolaklı - Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps