
GRAND PARK LARA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Лара на 14 km од аеродромот во Анталија и 14 km од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 896 соби во 8 меѓусебно поврзани згради.
Стандардни соби (22 m², една спална соба со дупли кревет и една софа, купатило, макс.2+1 лица, без балкон).
Фамилијарни Делукс соби (36 m², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Фамилијарни Елит соби (50 m², две спални одвоени со врата, една дневна соба, едно купатило, макс.5+1 лица)
4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалаци трипати во неделата, секојдневно се дополнува само со вода), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинантен под, WI-FI, сателитска ТВ и музички канали, балкон само во фамилијарните соби, стандардните соби се без балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот и доцна навечер, детско бифе, диететско и вегетаријанско бифе во главниот ресторан за време на ручек и вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 до 24.00 часот, сладолед 24 часа, храна и пијалаци во барот на плажа од 10:00 – 18:00.
Со доплата се: Увозни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални и увозни вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, храна и пијалаци по 24.00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Peppermint – интернационална кујна и рибен ресторан, English breakfast À la Carte, Aushi À la Carte, бар на плажа со ужина и бар од 10.00-22.00ч., барови низ хотелскиот комплекс.
Со доплата се: Доктор, чување деца, телефон, факс, продавници, изнајмување кола дополнително.
WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.
Плажа
Хотелска песочна плажа на 200 m од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Има бесплатен превоз од хотел до плажа.
Павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешни базени за возрасни и деца, четири тобогана, турска бања, сауна, соба со пареа, гимнастика, пикадо, пинг понг, фитнес центар.
Со доплата се: Спортови на вода, билијард, игротека, масажи и Спа третмани, школа за нуркање.
Забавна програма преку целиот ден и навечер. Мини клуб за деца од 4-12 год со богата содржина, детско игралиште, мини диско во вечерните часови.
ЗАБЕЛЕШКА: Pets friendly хотел до 8 кг со доплата / миленичиња не се дозволени во главните делови на хотелот.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kemerağzı, Yaşar Sobutay Blv No: 37, 07112 Aksu/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps