Прескокни кон содржината
GRAND MIRAMOR HOTEL
Повлечи за повеќе слики

GRAND MIRAMOR HOTEL

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во регионот Кирис, на 7 км од центарот на Кемер. Аеродромот во Анталија е оддалечен 64 километри, додека центарот на Анталија е 54 километри.

Сместување 

Хотелот се состои од три блока од згради A, B и C (секој блок има лоби бар) со вкупно 346 соби. Сите соби се комплетно опремени и имаат балкон, клима уред, телефон, сателитска ТВ, мини бар (вода), сеф (се доплаќа), туш, фен, чајник, сет за кафе и чај, бесплатен Wi-Fi интернет.
Стандардна соба од 20-24 m², содржи еден брачен кревет или два одвоени кревети и софи како дополнителни кревети. Стандардните соби се достапни во сите три блока, хотелот го задржува правото да ги дистрибуира. Максимален капацитет 3 adl+1chl

Содржини

Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, аква парк со неколку тобогани за деца и возрасни, Спа центар, фитнес центар, мини клуб со детско игралиште, мини зоолошка градина, амфитеатар, конференциски сали. Богата програма за анимација во текот на денот, боче, аеробик, пикадо, разни натпревари дизајнирани од тимот за анимација. Вечерно шоу за анимација, тематски вечери, музика во живо во одредени денови. Главен ресторан со детско шведска маса, a la carte ресторан, неколку барови во хотелскиот комплекс – Sultan Bar, Lobby Bar, Oba Cocktail Bar, Terrace Bar, American Bar, Beach Bar и Beach Disco Night Club (влез бесплатен, пијалоците се доплаќаат дополнително ) . Докторски услуги, спортови на вода, масажи и други третмани, услуги за перење алишта, изнајмување на автомобили, фотограф, свежо цедени сокови, турско кафе, сеф, a la carte ресторани се екстра. Wi-Fi интернетот е бесплатен во лоби барот и јавните површини и соби.

Услуга

 
Хотелската услуга е Ultra All Inclusive на база на самопослужување, вклучува појадок, доцна појадок, ужина, ручек и вечера, Cafe De Padre служи ноќна супа, сладолед и други деликатеси, услуга за брза храна на тераса со фиксно мени. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. 

Плажа
Хотелот има своја плажа, која е песочна и чакал, се наоѓа на 250м оддалеченост од хотелот, се преминува улицата, за сите гости се обезбедени лежалки, чадори и крпи за плажа. Бар на плажа е вклучен во концептот на хотелот и вклучува локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

 

Локација

Kiriş, Kiriş Cd. No:92, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps