
GRANADA LUXURY RED(ADULTS ONLY)
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Авсалар на 34 km пред Аланија, и 101 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 137 соби.
Стандардни соби со страничен поглед на море (30-38 m², една спална соба со француски кревет, само неколку соби соби се со два единечни кревети, купатило, макс. 2 лица).
Делукс стандардни соби (30-38 m², една спална соба со француски кревет, нема со два единечни кревети, купатило, макс. 2 лица).
Делукс апартман со страничиен поглед на море (45 m², една спална со француски кревет, нема со два единечни кревети, купатило, макс. 2 лица).
Сите соби се современо уредени со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, бањарка, централна клима, телефон, мини бар (сокови, вода и пиво, вафли, крекери се полни секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, плочки на подот, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне, сладолед, торти, диететско и вегетаријанско бифе, вечера, закуски касно навечер, и ран појадок, свежо цеден сок само за појадок, сладолед во одреднео време од денот, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Не се вклучени: сите луксузни и стари специјални пијалаци, увозни пијалаци кои не се во концептот, услуга во соба, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци, наргиле.
Содржини
Главни ресторани со шведска маса, À la carte ресторани со интернационана кујна, лоби бар до полноќ, барови покрај базен, бар на плажа и на платформа, бар со закуски, диско бар, витамин бар.
Не се вклучени: Доктор, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет катче, фризер, продавници, изнајмување кола.
Wi-Fi интернет на заедничките површини е бесплатен.
Плажа
Хотелска плажа со песок и камчиња.
Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни базени, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, пинг понг, пикадо.
Со доплата се: спортови на вода, СПА и велнес центар.
Забавни програми со професионален тим во текот на денот, навечер шоу програми, музика во живо, кино.
Хотелот се отвара во лето 2024.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Avsallar, İncekum Cd. No:60, 07410 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps