
FAME RESIDENCE LARA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара на 14 km од аеродромот во Анталија и 16 km од центарот на Анталија.
Сместување
Вкупно 559 соби.
Standard rooms (25-32 m², една спална и едно купатило, макс. 2+1 лица).
Family deluxe rooms (33-47 m², една голема спална и едно купатило, макс. 2+2 лица).
Family elite rooms (48 m², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица).
Duplex Garden Family rooms (лоцирани се во градината, една спална соба и една дневна соба на приземје, не се одвоени со врата, но не се гледа од горниот кат на долниот кат, две купатила, макс.4 лица).
Соби за лица со попреченост.
Сите соби се луксузно уредени, со приватни купатила со када, фен, централна клима која работи во зависност од временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови се дополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, електричен бокал, сеф , тепих или ламинат на подот, сателитска ТВ, музички канали. Повеќето соби имаат балкон. Некои од собите се со француски балкон.
Услуга
Fame стил Сѐ вклучено - 24 часовна услуга - појадок, доцен појадок, ручек, закуски, закуски доцна навечер, ран појадок до 07:00 часот, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед (14.00-16.00 ч.), точено вино, пиво, специјално диететско, вегетаријанско и детско мени за време на ручек и вечера.
Увозни пијалаци, свежо цедени сокови, наргиле, флаширани пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, сите алкохолни пијалаци помеѓу 03.00–10.00ч се со доплата.
Содржини
Главен ресторан со тераса, À la Carte ресторани – Pasha (турски), Lagos (италијански), Mermaid (рибен), Dragon (кинески), Cancun (мексикански). Барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, чување деца, телефон, факс, интернет, компјутерски игрици, изнајмување кола, продавници, превоз до центарот на Анталија се со доплата. Интернетот во лобито е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, четири тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, соба со пареа, џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа.
Спа и Велнес центар, масажа, солариум, осветлување за тениските игралишта, фудбалски игралишта, куглање, билијард и спортови на вода се наплатуваат.
Забавни програми со професионална екипа во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 год. и Јуниор клуб за тинејџери од 12-16 год.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Lara Kemerağzı Mevkii, 07100 Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps