Прескокни кон содржината
FAME RESIDENCE KEMER HOTEL
Повлечи за повеќе слики

FAME RESIDENCE KEMER HOTEL

КемерAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е во центарот на Кемер на 50 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 246 соби.
Standard rooms (22-25 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица).
Family rooms (35 m², една голема соба, едно купатило, макс.4 лица).
Family superior rooms (две спални одвоени со врата, две купатила, макс. 4 лица).
Повеќето соби се со балкон и имаат поглед кон море, планина или градина, сопствено купатило со туш кабина и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови), сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинатен под, сателитска телевизија со музички канали. Некои соби се со француски балкон.

Услуга

Fame style Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај и кафе, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24:00 часот, сладолед во одредено време, снек бар на плажа од 10:00 – 17:00.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, сите пијалаци во диско, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, храна и пијалаци после 24:00 часот (освен супа доцна во ноќта), услуга во соба, À la Carte мени.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со турска и италијанска кујна, рибен ресторан, лоби бар, бар покрај базен, сервис бар.
Се доплаќа за доктор и медицинска сестра, перална, чување деца, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола. WI-FI интернет е бесплатен во лоби.

Плажа

Хотелска приватна плажа пред хотелот. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни

Спорт и забава

Отворени и затворени базени, базен за деца (отворен), фитнес центар, сауна, турска бања, пинг понг.
Со доплата: масажа, SPA & Wellness центар, куглање, билијард и спортови на вода.
Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Merkez, Deniz Cd. No:15 D:15, 07980 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps