
FAME RESIDENCE GOYNUK HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 10 km од Кемер и 40 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 257 соби поделени во два блока.
Стандардни соби (18-22 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица).
Фамилијарни соби (една голема спална со француски кревет + една софа, едно купатило, макс. 3 лица).
Фамилијарни супериор соби (две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Собите се со поглед на планина или на базен, имаат купатило со када, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци), сеф, ламинатен под, сателитска ТВ со музички канали.
Услуга
Fame style Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневна ужина, полноќна супа, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24 часот, бар со закуски на плажа од 12:00 – 16:00 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалаци, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, храна и пијалаци после 24:00 часот.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: италијански и рибен ресторан, бар со закуски покрај базен, лоби бар, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот, англиски паб и диско бар на плажа.
Продавници, доктор и медицинска сестра, сеф, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата.
WI-FI интернет е бесплатен во лоби.
Плажа
Хотелска плажа со камчиња на 90 m (има пат помеѓу хотелот и плажата). Лежалки / душеци, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени базени со дел за деца, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, мини фудбал, пинг понг се бесплатни.
Масажа, билијард и спортови на вода се со доплата.
Мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште и игротека. Забавни програми во текот на денот и навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Göynük Ahu Ünal Aysal Cad No:14 No:14, 07985 Kemer/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps