Прескокни кон содржината
ETHNO BELEK
Повлечи за повеќе слики

ETHNO BELEK

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во Белек, на 35 км од аеродромот и 40 км од центарот на Анталија.

Сместување
Хотелот располага со 441 соба распоредени во главната зграда и вили. Сите соби имаат: сопствено купатило со посебен тоалет и туш кабина, фен, бањарка и папучи, централна клима во главната зграда и сплит клима во вилите, директна телефонска линија, минибар (се надополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сет за чај и кафе, сеф, ламинат во главната зграда и керамика во вилите, ЛЕД ТВ и музички програми, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.
Делукс соби 56м2, сместени во главната зграда, спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс 2+1 лице.
Делукс соби swim up 64м2, спална соба со француски кревет (180х220) или два посебни кревети (120х200 ) +софа, бања со посебен тоалет и туш, макс 2+1 лице.
Супериор соба со  џакузи 72м2, спална соба со брачен кревет+софа, бања со посебен тоалет, туш кабина и посебно џакузи, макс 2+1 лице.
Фамилијарен суит  76м2, две посебни спални соби, две бањи, макс 4 лица.
Вили - Казита (1+1, 160м2); Казита (2+1, 160м2); Казита (3+2, 185м2), Шумска вила (525м2, 3+1 лице), Етно вила (675м2, 4+1 лице).  ВИП услуга.

Услуга
Услугата во хотелот е Ultra All Inclusive  24часа услуга за храна и пијалоци - пијалок за добредојде, шведска маса за појадок, ручек и вечера, доцен појадок, шоу за готвење, вечерни теми, диетално и детско катче, полноќна ужина, време за кафе, колачи и сладолед, бар и ужина на плажа, сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци 24 часа, свежи овошни сокови за појадок, мини бар со безалкохолни пијалоци, вода и пиво секој ден, клуб на плажа од 10:00 до 24:00 часот.
Со доплата: премиум луксузни пијалоци, специјални локални и увозни вина, пакуван сладолед, француски шампањ, A la Carte ресторани со претходна резервација, пијалоци во Cigar Bar и Winery, услуга во соба.

Содржина
Отворен и затворен главен ресторан, A la Carte ресторани: Soddis (италијански), латиноамерикански, Steak House во Аргентина, модерен Блиски Исток, грчка таверна, азиска и медитеранска, слаткарница, барови во хотелскиот комплекс. Wi-Fi интернетот е бесплатен низ целиот хотел.
Со доплата: лекар, услуга за чување деца, перална, телефон, факс, трговски центар, фризер, изнајмување на автомобил.

Плажа
Хотелот има приватната песочна плажа на хотелот со бесплатни чадори, лежалки и крпи.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки, турска бања, сауна, парна бања, фитнес, тениски терени, одбојка на плажа. Забавна програма преку ден, натпревари покрај базен и на плажа, вечерна шоу програма, музика во живо 3 пати неделно, диско на плажа три пати неделно. Мини клуб за деца од 4 до 12 години, јуниор клуб за деца од 13 до 17 години.
Со доплата: масажа, салон за убавина, куглање, билијард, соба за игри, спортови на вода.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  
 

Локација

Belek, Günübirlik Cd. No:4/1, 07506 Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps