Прескокни кон содржината
EFTALIA DOWNTOWN
Повлечи за повеќе слики

EFTALIA DOWNTOWN

АланијаBed & Breakfast Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е се наоѓа во центарот на Аланија и 125 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 222 соби во 4 згради.
Стандардни соби (16 m², 1 спална со два единечни кревета, 1 купатило, макс. 2 лица).
Големи соби (20 m², макс. 4 лица, 1 поголема спална со француски кревет 150 х 200 + единечен кревет 90 х 200 + 1 фотлелја на расклопување 70 х 180, 1 купатило, макс. 2+2 лица),
4 соби за лица со попреченост
Сите соби имаат сопствено купатило со туш и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ со музички канали, балкон.

Услуга
Полупансион – шведска маса за појадок и вечера, сите други пијалаци и храна се доплаќаат.

Содржини
Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte  ресторан, лоби бар, бар на базен, и на плажа.
Со доплата се: Доктор на барање, перална, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола.

Плажа
Приватна камчеста плажа на 40 m од хотелот.
Лежалки и чадори за сонце покрај базените се бесплатни, а на плажата се доплаќаат.
Има пат помеѓу хотелот и плажата.

Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, фитнес центар.
Со доплата: турска бања, сауна, парна бања, спортови на вода и масажи.
Еднаш во неделата има жива музика и турска вечер.
За децата има детско игралиште.
 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  
 

Локација

Güller Pınarı, Saraçoğlu Sk. No:1, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps