Прескокни кон содржината
DAIMA BIZ
Повлечи за повеќе слики

DAIMA BIZ

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Кириш, на 7 km од Кемер и 56 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 524 соби во пет блока.
Стандардни соби (27 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица).
Голема соба (30-35 m², спалната соба е поделена со дрвена преграда на два дела со еден француски кревет + еден единечен кревет + една софа, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарни соби (40 m², две одвоени спални соби со француски кревет, два единечни кревети и една софа, едно купатило, макс. 5 лица).
Swim up стандардни соби (27-30 m², само за возрасни лица, една спална со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, тераса со директен пристап на заеднички базен, макс.3 лица).
Captain suite (50 m², две спални соби, една дневна соба, две купатила - едното со џакузи, макс.5 лица) 
4 соби за лица со попреченост
Сите соби се со сопствено купатило со када, туш, фен за коса, сплит клима систем, телефон, мини бар (вода и минерална вода се полнат секој ден), сеф, керамички под, сателитска ТВ и балкон.

Услуга
Ултра сѐ вклучено - пијалок за добредојде при пристигнување, појадок, доцен појадок, ручек, чај со колачи, вечера, полноќни закуски, ран појадок до 06.00 часот, локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 - 03.00 часот.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, други увозни пијалаци кои не се на менито, сите флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, сладолед, шампањ, À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата, турско кафе, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторан – рибен, кебаб и ottoman, барови низ хотелскиот комплекс.
Не се вклучени: Доктор, чување деца, перална, интернет услуга, фризер, продавници, изнајмување кола.
WI - FI интернет (ниска брзина) низ хотелот е бесплатен.

Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок.
Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Има тунел под патот до плажата.
Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава
Надворешни базен и внатрешен (во лето затворен) базен за возрасни и деца, Парк Долусу - голем аква парк, тениски терени (тврд терен), мини голф, одбојка на плажа, мини фудбал, кошарка, пинг-понг, турска бања, сауна фитнес сала се бесплатни.
Со доплата се: СПА центар, масажа, салон за убавина, спортови на вода, осветлување за тениски терени, билијард и компјутерски игри и школа за нуркање.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 17 години поделени во групи по возраст.
Хотелот е реновиран во 2023 година.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kiriş, Sahil Cd. No:50, 07890 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps