Прескокни кон содржината
CRYSTAL PRESTIGE
Повлечи за повеќе слики

CRYSTAL PRESTIGE

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 8 km од центарот на Кемер и 40 km од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 589 соби.
Стандардни соби (34 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Стандардни соби со кревети на спрат (34 m², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, макс.3+2 деца).
Дуплех Фамилијарни соби (50m², дуплекс соба, со две спални соби, но нема врата, како галерија, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарни соби со поглед на базен (40 m², две спални соби, едната со француски кревет, а другата мала спална соба со два единечни кревети, едно купатило, макс.3+2 деца).
Сите соби се со сопствено купатило со када или туш, фен за коса, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, WI-FI интернет, мини бар (вода, сокови, пиво, млеко, кикирики, грицки се полни секој ден), сет за кафе и чај, електричен бокал, сеф, керамички под со дрвен изглед, сателитска ТВ и балкон. 

Услуга
Ultimate Сѐ Вклучено - 24 часовна услуга за храна и пијалаци. За добредојде -  крпи за освежување и традиционален турски пијалок – шербет по пристигнувањето, појадок, доцен појадок, ручек и вечера, диететска и вегетаријанска храна, дел за подготовка на храна за бебиња, специјална детска храна, ресторани за закуски во текот на денот, À la Carte ресторани - турски, мексикански и италијански со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, сладолед во одредени часови во текот на денот, попладне колачи, чај и кафе, бар на плажа, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци.
Не е вклучено: увозни премиум алкохолни пијалаци, флаширани пијалаци, специјални вина, услуга во соба, свежи цедени сокови, енергетски пијалаци, рибен À la Carte ресторан, сите вина, шампањ и специјални нарачки во ресторани À la Carte (освен наливно вино).

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – италијанска кујна, ресторан за морска храна и риба, турска кујна, мексиканска кујна, слаткарница, снек бар на плажа и барови низ целиот хотелски комплекс.
Доктор, чување деца, перење алишта, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, продавници се доплаќаат.
WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.

Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок (пристап до плажа преку специјален мост).
Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.
Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, полуолимписки надворешен базен, аква парк, турска бања, сауна, парна соба, соба за релаксација, фитнес центар, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, гимнастика.
Со доплата се: спортови на вода, SPA & Wellness центар, масажи и сите третмани за убавина, осветлување на тениски терени, компјутерски игри.
Забавни програми во текот на денот, натпревари со професионален тим, специјални програми во вечерните часови, музика во живо, специјални концепти за забава.
Crispy Kids Club - мини клуб за деца распоредни по групи според возраста, од 4 – 12 години со специјални програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Göynük, Atatürk Cd. No:35, 07994 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps