
DIAMOND EXELLENCE RESORT & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Colakli, 55 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 509, распоредени во една главна зграда и 5 блока. Стандардни соби 277 и 5 соби за хендикепирани лица (23-32м², една спална соба, едно купатило, макс 2-3 лица), фамилијарни соби 154 (32-42м², две спални одвоени меѓу себе со врата, купатило, макс. 4 лица ), Фамилијарна соби со високи душеци 10 (42m² две спални соби, едната од нив со високи душеци, макс. 2+3 лица) Јуниор суити 50 (44м², со спална и дневна кои не се одвоени со врата, купатило со Џакузи, макс.2+1 лица), Паша суити 6 (92м²-100м², две одвоени спални, дневна, две купатила од кои едно со џакузи, мини кујна, ЛЦД ТВ, макс. 4 лица), Honeymoon суит 6 (39м², сите соби се со поглед на море, една спална, едно купатило со Џакузи, и дел за седење). Сите соби се со купатило со када и туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци ), тепих на подот, сеф, сателитска ТВ и музички канали, балкон, интернет до 56kbps.
Услуга
Ultimate Се вклучено - 24 часа сервис за храна и пијалоци. За добредојде пешкир за освежување и традиционален турски пијалок - шербет, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диетална храна, специјална детска храна, ресторан за ужина преку ден, сладолед од 16:00-18:00 ч., попладневен чај, кафе колачи, доцна ужина, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот (не е дозволен влез на деца под 7 год.). Специјалните увозни пијалоци, специјални вина, услуга во соба, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, увозни пијалоци од 01.00-10.00 се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан Lalezar со шведска маса, А’la Carte ресторани Tugra (турска кујна), Mexico (мексиканска кујна), La Murano (италијанска кујна), Bonsai (кинеска кујна), Caretta (морска храна), пекара, барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб Сафир. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, фризер, интернет и компјутерски игри, продавници, телефон, факс, rent a car дополнително се наплатуваат.
Плажа
Хотелската приватна плажа со ситни камчиња, лежалки, чадори за сонце не се наплатуваат. Пешкири (со депозит).
Спорт и забава
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, Аква парк, терени за тенис, одбојка, кошарка, мини голф, мини фудбал, одбојка на плажа, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, снежна соба, солена соба, џакузи се бесплатни. Масажа, центар за убавина и Спа центар, осветлување за тениски игралишта и опрема за тенис, спортови на вода, куглање, билијард, дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот со професионален тим и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год во текот на денот и мини диско во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Mutemet, Yavrudoğan, Peri Sokak No:271, 07550 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps