Прескокни кон содржината
CRYSTAL FLORA BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

CRYSTAL FLORA BEACH RESORT

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е лоциран во областа Белдиби, на 25км од Анталија, 17км од Кемер и на 35км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупен број на соби 521 сместени во трикатни бунгалови.
Стандардни соби: 392 вклучувајки и 6 соби за хендикепирани лица (19-26м², макс.2 лица или 2+1 лица),
Големи стандардни соби (26м², макс.3 лица)-една спална и едно купатило,
Стандардни соби со кревети на спрат: 25 (26м², макс.2+2 лица)-една спална со француски кревет и кревети на спрат,
Фамилијарни соби: 93 (37м², макс.4 лица)-две спални и една дневна одвоена со врата,
Фамилијарни соби со кревети на спрат: 10 (37м², макс.2+3 лица)-две спални одвоени со врата, во едната спална француски кревет а во другата има кревети на спрат или високи душеци, едно купатило,
Кралски суит (55м², макс.3 лица)-една спална и една дневна соба.
Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, клима сплит систем, телефон, мини бар (вода и сокови, се дополнува секој ден), сеф, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, балкон или тераса, ламинат на подот, Wi-Fi интернет е достапен само во некој од собите до 56Kbps.

Услуга
Ultimate Се вклучено-24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, вечера, полноќна закуска, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијакоци, A’la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престојот (не е дозволен влез на деца под 7 год.), мини бар, сладолед од 16:00-18:00 часот. Дополнително се наплаќаат-луксузни увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, наргиле, свежо цедени сокови, енергетски напитоци, цигари, увозни алкохолни пијалоци од 01:00-10:00 часот, услуга во соба A’la Carte ресторан-Starfish.

Содржини
Главен ресторан Aspendos, A’la Carte ресторани (Starfish-рибен ресторан, Azure-медитеранска кујна, La Fiesta-мексиканска кујна, Ottoman-Турска кујна, Flora-скара), барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, компјутерски игри, фризер, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Wi-Fi интернет бесплатен во лоби бар до 56Kbps.

Плажа
Хотелска плажа, со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.

Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, фитнес, Турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, одбојка, кошарка, пинг понг, одбојка на плажа. Спортови на вода, масажа, Спа центар, школо за нуркање, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, куглање, билијард, компјутерски игри, дополнително се наплаќаат. Забавни програми преку ден, натпревари и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца Krispy Kids World од 4-12 год. со специјални програми и аниматори. Напомена: Хотелот е реновиран 2010 год.

Хотелот е реновиран 2010 год.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Göynük Mahallesi Başkomutan Atatürk Caddesi No:139 Beldibi 2 Mevkii, 07900 Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps